Како да направите превкусен прелив од карамела за помалку од 90 секунди

17 мај, 2020
61884810-umak-od-karamele

Слаткиот сос од карамела е одличен додаток за бројни колачи и со него може да ги прелиете палачинките, вафлите, сладоледот и било кој колач или торта од ванила и чоколадо.

Класичната карамела се подготвува со пржење на шеќер во лонец што може да биде долготрајна и досадна процедура, а може плус и да се изгорете со карамелата што е прилично болно.

Затоа ви го нудиме овој едноставен и сигурен рецепт во микробранова печка со кој прливот ќе биде готов за помалку од две минути.

Состојки:

  • 1 лажица путер
  • 1 лажица кафен шеќер
  • 1 лажица хопла
  • прстофат сол

Подготовка:

  • во шоља ставете го путерот и загрејте го во микробрановата 30 секунди
  • на растопениот путер додадете му го кафениот шеќер, хоплата и солта. Добро измешајте ги и повторно ставете ги во микробрановата уште 30 секунди.
  • внимателно извадете ја шољата од микробрановата печка и измешајте ја смесата и вратете ја за уште 15 сескунди назад во печката
  • добиената смеса е готова за користење и може да ги преливата омилените слатки

Совет

На овој начин можете да направите и поголема количина на прелив и да ја чувате во фрижидер и по неколку дена. Пред да го користете само ставете го микробранова печка за да се растопи.

Добар апетит!