Како да ослабете за време на изолација: 7 едностави и сјајни идеи за губење на маснотиите

14 април, 20200
hrana

За време на карантинот, нашето движење е минимизирано, а со тоа е отежнато и губењето на калориите што секојдневно ги внесуваме.

Доколку не сте внимателни, не ги избирате внимателно намирниците и немате никаква физичка активност, сосема е можно дека дека за време на карантинот ќе добиете повеќе килограми.

Сепак, експертите препорачуваат специфичен план за исхрана и како да ослабете за време на карантинот и да ги зачувате виталноста и обликот на телото.

Еве неколку совети:

1. Воспоставете рутински оброци

Појадувајте во првиот час по будењето, ручајте помеѓу 12 и 13 часот, земете здрава ужинка во 15 часот и вечерајте помеѓу 17 и 18 часот. Кога вашето тело ќе се прилагоди на рутинска исхрана, храната ќе се вари рамномерно и ќе имате здрав метаболизам.

2. Здрави закуски

Додека сте во изолација, избегнувајте грицки кои содржат многу сол и скриени шеќери. Чипсот, колачите, крекери и чоколади заменете ги со јаткасти плодови, моркови и свежо овошје.

3. Гответе

Готвењето е имагинативен и корисен начин да се забавувате во карантин. Обидете се со нови здрави рецепти, комбинирајте хранлива намирници и создавајте добри и вкусни оброци. На интернет постојат многу здрави рецепти со малку калории, фантастичен вкус и хранлива вредност.

4. Моќна комбинација

Подготвувајте оброци кој содржат ваков баланс: 30% зеленчук, 40% протеини и 30% растителни влакна. Ова не е строга препорака, туку мало упатство за тоа како да ги правите вашите оброци. Вистински пример за ваков ручек е зеленчук на скара, интегрален ориз и риба.

4. Планирајте

Неколку дена однапред, изберете што ќе подготвите и јадете. Држете се до тој план и тоа ќе го намали копнежот за слатки и нездрави грицки.

5. Консумирајте свежа и замрзната храна

Доколку не сте во состојба секогаш да имате свежо овошје и зеленчук за време на карантин, заменете ги со замрзнати. Важно е да имате разновидни овошја и зеленчуци секој ден во вашата продавница.

6. Здрави протеини

Храната богата со протеини прави да се чувдтвуваме подолго време сити и важна е за градење на мускулите и здравјето на целото тело. Препорачливо е да јадете не-масни протеини, како пилешко, риба, тофу, морска храна и ореви. Ако јадете риба, таа е идеален извор на протеини, а исто така е и здрава затоа што содржи омега 3 масни киселини.

7. Вежбајте редовно

Можете да најдете разни бесплатни вежби на Интернет и на социјалните мрежи за сите возрасти. Практикувајте тренинг што му одговара на вашето тело за да ја одржите кондицијата и формата на телото. Сега имате време да вежбате, па нема оправдување. Вклучете го целото семејство да учествува во тренингот и така ќе го кренете расположението, зајакнете имунитетот и ослободите од непотребните калории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi