Како да се биде БОМБА на 52 години? Вака изгледа магичната диета на Џенифер Лопез

18 ноември, 2020
Dzenifer-Lopez-1

Американската sвезда строго се придржува до 4 правила во исхраната

Дури и на 52-годишна возраст, Џенифер Лопез изгледа одлично и лесно може да се натпреварува со тинејџерки.

Американската sвезда е позната по тоа што не пропушта вежби во теретана, а истовремено се придржува до строгите правила на исхраната.

Џенифер вели дека рамнотежата е клучот за успехот и дека покрај здравата исхрана, постојат денови кога ќе се почести и со таа „забранета“ храна.

„Јас се грижам за својот изглед, но не сум оптеретена. Го слушам телото и јадам онолку колку што бара“, објаснува Лопез.

Вели дека не брои калории, но дека овие правила строго се почитуваат:

1. Јаде често

„Јадам 5 пати на ден, но се обидувам најголем дел од оброците да содржат протеините“. Јаглехидратите се присутни во нејзиното мени, но во мали количини.

Пред секој оброк, јаде порција салата за да јаде помалку друга храна.

Нејзиниот ручек и вечера се состои од порција малку масно месо, многу зеленчук и интегрален леб или ориз.

Ужината е или овошје или неколку ореви или црно чоколадо.

За појадок, обично кајгана и пие чаша сезонско овошно смути.

2. Пие многу течности

Хидратацијата е многу важна за функционирањето на целиот организам, како и за слабеењето. Затоа Џенифер пие најмалку 2,5 литри вода на ден.

3. Избегнува конзервирана храна

Конзервираната храна е полна со адитиви кои те дуваат и создаваат гасови, така што пејачката ја заобиколува во широк лак.

4. Не користи дресинг, преливи или сосови

„Да, храната е многу повкусна кога се јаде со вкусна павлака и сос од мајонез, но ако сакате витка линија, не ни помислувате на нив“, објаснува Лопез.

Ако ги отстраните само преливите од исхраната, ќе внесете значително помалку калории. Овие додатоци може да содржат до 300 калории, што е навистина многу.