Како да ви остане шминката совршена и на +40 степени

5 јуни, 20200
183805_shutterstock-1025161135_ls

Она што и е потребно на кожата без разлика на годишното време, е хидратација. Пред да нанесувате било каква шминка изберете лесна крема со заштитен фактор, бидејќи заштитата на кожата е важна бидејќи го спречува сушењето и прераното стареење на кожата.

Одберете добар прајмер

Базата ќе направи да шминката остане на свое место во текот на целиот ден и поради ова прајмерот е многу важен особено на лето.

Тен

Во текот на топлите денови наместо пудра вашиот избор нека биде тонирана крема. Ќе ви даде солидно покривање, а нема да ги затвори порите и кожата ќе продолжи да дише.

Избегнувајте сјај на лицето

Стилистите се сложуваат за едно, а тоа е дека сенките со светки се резервирани за поладни денови и поради тоа овој период не треба да ги користите.

Фиксатор

Пудрата за фиксирање е задолжителен чекор доколку планирате да имате шминка цел ден.

Сјај наместо кармин

Последно нешто што сакаме за време на топлите денови е тежина на устата па поради тоа одберете некој сјај.

Водотпорна маскара

Без проблем ќе можете да ја носите цел ден во жешките денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *