Како на природен начин да го зголемите производството на мајчино млеко?

20 мај, 20200
доење

Грижата за исхрана на мајката не престанува кога жената ќе се породи. Напротив! Дури тогаш треба да се посвети внимание за планирање на исхраната на мајката, за да може бебето да напреднува. Исхраната на жената во текот на лактацијата не мора нужно да влијае на квалитетот, но секако влијае на количеството на млеко кое се создава.

За време на лактација, жената треба да внимава на соодветното внесување на енергија. Жената во овој период треба да внесува дополнителни 500 калории дневно. Советот на лекарите е вкупниот дневен внес да биде 1800 калории. Освен внесот на храна, важно е да се внесува и доволно количество на течности. Се смета дека млекото може да се намали доколку не се внесува доволно течност, особено вода, која е многу важна за консумирање. За време на лактацијата се препорачуваат 8-12 чаши вода дневно. Не заборавајте дека водата е основната состојка на млекото!

Храна во периодот на лактација

Препораката за мајките е да не ја менуваат својата вообичаена рутина за исхрана. Сепак, има одредени намирници кои се препорачуваат за време на доењето.

Аспарагус– Богат е со влакна, фолна киселина, витамини А,Ц и К, како и фитоестрогени кои имаат позитивно влијание врз создавање на млекото.

Морков и спанаќ– познати се по своето поволно влијание за создавањето на млеко. Сокот од морков особено се препорачува кај доилките.

Овесна каша– веќе подолго време се препорачува кај доилките како одлична намирница за подобрување на производството на млеко. Овесната каша помага во намалување на холестеролот и одржување на крвниот притисок.

Лосос– идеален извор на есенцијални масни киселини кои се едни од клучните состојки на мајчиното млеко.

Кафеав ориз– кавеавиот ориз го зголемува нивото на серотонин во мозокот. Една од улогите на овој хормон е стимулација за излачување на пролактинот.

Кајсии – особено сушени, содржат фитоестроген кој помага во одржувањето на хормонската рамнотежа вклучена во процесот на лактација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *