Како од зелени да добиете совршено зрели банани за само 30 секунди?

4 ноември, 2020
банана

Одличната работа кај бананите е фактот дека луѓето ќе најдат начин да ги искористат дури и кога се презрели и скоро целосно кафеави. Но, што со зелените банани?

Тие се скоро бескорисни, и ако не можете да ги чекате 3 дена да созреат, можете да го пробате овој едноставен трик со микробранова печка. Прво земете вилушка и прободете ја бананата од сите страни за да го олесните влезот на топлина. Потоа ставете ја бананата во микробранова печка (околу 30-60 секунди), и тоа е тоа.

Штом ја извадите од микробранова печка, бананата веројатно ќе изгледа ужасно, но нејзината текстура ќе биде иста како и текстурата на совршено зрела банана. Исто така, бидејќи најдобриот леб од банана се подготвува со многу зрели банани, на овој начин можете брзо и лесно да ги обезбедите најдобрите можни состојки. Откако бананата е „готова“, обавезно изладете ја пред јадење. Сè додека можете да ги заобиколите стандардите за тоа како треба да изгледа идеалната банана, на овој начин можете да добиете совршено зрела и вкусна банана.