Како Синди Крафорд успева да изгледа фит и на 54 години?

8 мај, 20200
синди

Не постои генетика која ќе ви помогне да изгледате како 20 годишна девојка на педесет и нешто.

Популарните вежби на видеокасета кои ги промовираше популарниот супермодел кон крајот на 90тите станаа славни исто како и неа.

Но Синди не се занимава веќе со манекенство, па така нејзините вежби не претставуваат секојдневен строг режим на вежбање, туку тоа се неколку задолжителни вежби кои таа се труди да не ги прескокнува.

Вежбите претставуваат комбинација од кардио вежби и вежби за активација на мускулите.

1. Кардио

Нејзината кардио програма е многу едноставна , а се состои во трчање. Едниот дел од трчањето е лабаво трчање со слушалки на уши, а другиот дел е трчање по скали.

2. Исчекор со тегови

Ова е нејзина прва вежба за активација на мускулите. Се состои од исчекор со рацете високо подигнати над главата, во која држи тег. Вежбата ја повторува 20 пати со менување на нозете.

3. Малку поинакви клекнувања

Таа прави клекнувања со помош на пилатес топка. Топката на едната страна е потпрена на ѕид, а на другата страна Синди е навалена со грбот врз неа, подигнувајќи се полека и држејќи баланс, а рацете се високо дигнати над главата.

4. Стомачни со тег.

Таа ги прави стомачните држејќи тег во рацете на следниов начин:

Едно исправување и едно допирање на земјата со тегот на десната страна, друго исправување, па потоа на левата страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *