Како танцувањето влијае врз нас?

30 мај, 20200
tanc

Играњето и танцот постојат скоро исто колку и самиот човек. Потребата за танцување се појавува пред многу години, а се развива преку различните ритамики кои ги создава и усовршува самиот човек. Со развојот на музичките инструменти, танцот го доби своето значење и стана составен дел од човечкиот живот.

Но, дали знаете како играњето влијае врз нас, нашето тело, мозок, самодоверба, па дури и кожа и мускули? Најновите истражувања дојдоа до многу интересни резултати кои покажуваат како танцот влијае на една личност и која е разликата помеѓу физичката активност и танцот.

Што нè подмладува?

Развојот на индустријата за убавина и нега нè принуди постојано да истражуваме што нè прави помлади и што нè подмладува. Најновото истражување, кое се фокусира на физичката активност и танцот, покажа дека и двете овие активности имаат добар ефект врз нашето тело. И физичката активност и танцувањето ги прават напнати нашите мускули и кожата, а хипокампусот, делот од мозокот кој контролира меморија, учење и баланс, го забавува стареењето на клетките. Значи, и двете активности имаат “анти стареење” ефект врз нашето тело. Но, она што е интересно, само танцот има влијание врз однесувањето и телесната рамнотежата.

Танцувањето нè тера да имаме подобро држење и позиција на телото, да го исправиме грбот, а и исто така го подобрува нашето расположение. Се разбира, физичката активност исто така има добар ефект врз расположението, како резултат на лачење на серотонин, хормонот на среќа, но танцувањето сепак има подолг и различен ефект.

Дали танцувањето нè ѕближува?

Различните танцови во парови имаат добар ефект врз нашата самодоверба, ментална и емоционална состојба. Танците нè приближуваат до партнерот и нè прават да се чувствуваме заводливо и привлечно. Што се однесува до физичката активност, иако ги зајакнуваме телото и мускулите, ние не сме постојано насочени кон другата личност, не треба да се приближуваме, ниту емоционално да се приврземе со линоста со која танцуваме.

Постои посебен концепт на вежбање кој е наменет за постарите лица, а е превенција и помош при деменција и Алцхајмерова болест.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi