Како војводката на облека потрошила повеќе од 1,5 милиони долари – ова се најскапите креации

3 април, 20200
меган 2

Од 31ви март, Меган и Хари официјално одстапија како активни членови на британското кралско семејство, а според модните експерти, поранешната актерка во својата 22-месечна кариера на војводка, поранешната актерка потрошила повеќе од 1,5 милиони евра! Поточно, облеката што ја носеше на јавните настани се сметаше за „работа“, а нејзиното трошење беше финансирано преку посебен буџет од принцот Чарлс. Во буџетот е вклучена и цената на нејзините две венчаници, кои изнесувале околу 440.000 долари, или нешто повеќе од 1/3 од потрошените пари.

Љубителка на одлични креаторски имиња

 Дизајнот на нејзината венчаница e потпишана од модната куќа Givenchy, како и фустанот за нејзината прва официјална работна задача со кралицата Елизабета Втора. Се проценува дека вредноста на овој фустан е околу 17.000 долари. Во првите месеци како член на кралското семејство, Меган редовно се појавуваше во креации потпишани од креаторите на славните, меѓу кои таа ги претпочиташе дизајнерите како Стела Мекартни, Викторија Бекам и Каролина Херера. Имено, на последниот добротворен поло-натпревар во јули 2018. година таа се појави во тексас фустан, па покажа како едноставните тексас парчиња можат да достигнат цена и од 2000 долари.

Проблеми во модниот рај

Нова година, стари навики – ова може да ја опише „модната ситуација“ во која се најде Меган, додека во јавноста се коментираше дека успеала да потроши неколку илјадници само на облека, за само седум месеци од нејзиниот брак. Сепак, ниту напредната бременост не ја спречи војвотката да се појавува во раскошни тоалети, и така во јануари 2019. година таа заблеска во синиот фустан на Роланд Мурет од 7.000 американски долари.

Капката што ја прели чашата беше нејзиниот избор на фустан од Диор со наметка што ја носеше за официјална посета на британскиот амбасадор во Рабат. Социјалните медиуми беа преплавени со коментари дека цената на фустанот 10.000 долари е сепак претерана.

Таа испрати порака со модните комбинации

Од раѓањето на нејзиниот син Арчи, Меган сврти нов лист и во јавноста ја гледаме сè повеќе во поскромни изданија, комбинации и парчиња од high street брендови.

 Со новиот пристап кон облекувањето, се чини дека сакаше да омекне дел од британската јавност. Сепак, таа не успеа да го стори тоа, а раздорот беше се поголем. Од друга страна, фустаните што често ги носеше во оваа фаза станаа барано парче низ целиот свет.

Заминување за паметење!

Непроменливите разлики доведоа и до конечна реализација на одлуката за повлекување на војводите од Сасекс од кралските должности. За нејзиниот последен јавен настап, наречен „Мегксит турнеја“ од страна на британските медиуми, Меган потроши 31.000 долари. Најзабележителен беше секако зелениот миди фустан на дизајнерката Емилија Викстед во кој последен пат се појави во јавноста како висок функционер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *