Ќе мора да стекнеме нови вештини и тоа брзо: Ова се професиите на иднината!

24 јуни, 20200
Annotation 2020-06-24 164731

Луѓето кои ги изгубија своите работни места во текот на корона кризата се надеваат дека бргу ќе се вратат на работа, а многумина ќе бидат приморани да бараат нови можности. Ова може да значи дека на некои ќе им биде потребно усвојување на нови знаења и вештини со кои би ги вратиле изгубените финансии, но и самодоверба.

Еве некои од нив:

Податоци, податоци, податоци

Вештината која стручњаците најчесто ја споменуваат е анализа, интерпретација и користење на податоци.

Џејк Шварц, генералниот директор на компанијата General Assembly, образовна компанија која нуди часови по координирање, дизајн, наука за податоци и бизнис, вели дека вештина број еден би била работа на “податоци, податоци, податоци”.

„Излегувајќи од оваа пандемија нема сомнежи дека целиот свет ќе стане поприврзан кон податоците”, вели тој напоменувајќи дека широк спектар на претпријатија морале да го преиспитаат начинот како да продаде производи или услуги без физички контакт – и сега користат податоци за донесување на уште поважни деловни одлуки од порано. 

Според LinkedIn, совладувањето на науката за податоци е една од најтешките вештини во огласите за работа.  

Комуникација

Многу стручњаци нагласија дека после епидемијата ќе бидат потребни како тешки технички вештини, така и оние помеките.

На пример, Алиса Мервин, подпретседателка на LinkedIn Sales Solution, вели дека што повеќе стручњаци работат првенствено онлајн без директен контакт лице в лице, се повеќе ќе им бидат потребни посилни вештини за слушање и емпатија.

„Активното слушање, решавање на проблеми, критичко размислување и изградба на однос се врвни вештини и атрибути кои денеска се потребни за вршење на продажбата”, вели Мервин.  

Вивек Рависанкар, извршниот директор на HackerRank, техничката платформа за регрутација, се сложува дека меките вештини ќе станат поважни со годините кои следат.

„Со помалку човечка интеракција во физичкиот свет, можноста за појасна комуникација ќе биде се повеќе барана. Поголемиот дел од нашата комуникација ќе се одвива по пат на видеоконференција, телефонско или писмено комуницирање, така да луѓето мораат да почнат да ги обновуваат своите вештини во тие области како би биле поефикасни”, вели Рависанкар.  

Креативност

Цецил Алпер-Лерук, потпретседателка на иновацијата за Ultimate Software, компанија која развива софтвер за управување со човечки капитал, додава дека прилагодливоста и креативноста – кои често се сметаат за софтверски вештини – исто така ќе бидат важни.  

„Иако вештините како агилност и креативност секогаш се ценети на работното место, тие сега се поважни од било кога. Прилагодувањето на промени како што е работење од дома, присуствување на виртуелни состаноци и ускладувањето на деловниот и семејниот живот се се поважни за одржување на продуктивноста”, вели таа.  

Како што се зголемува побарувачката за овие меки вештини, Алпер-Лерик вели дека границата помеѓу она што се смета за мека и тешка вештина ќе се замагли.

„На пример разговорите околу ‘меките вештини’ обично сугерираат дека тие се атрибути кои им овозможуваат на луѓето ефикасно и складно да комуницираат со другите. Овие описи на меките вештини секогаш се фокусирани на нашата способност да зачекориме во чевлите на нашите колеги, водиме тешки разговори и размислуваме за нашите неуспеси. Ако емпатичното однесување е во средината на ‘меките вештини’, тоа значи дека тие воопшто и не се ‘меки вештини’, објаснува таа.  

Вештачка интелигенција

Многу стручњаци сметаат дека епидемијата од корона вирусот ќе биде предизвикувач за појава на забрзана потреба од работници кои се специјализирани за автоматизирана вештачка интелегенција и машинско учење.

Корона вирусот „предизвика забрзување на некои трендови на работа како што е  автоматизацијата“, вели Карен Фичук, извршна директорка на агенцијата за вработување Rondstand North America.

Тара Чакловски, извршна директорка на непрофитната организација која се фокусира на пружање знаење на девојчињата во полето на претприемништвото и технолошките вештини, Technovation, објаснува дека да се стане стручњак за вештачка интелигенција воедно значи и стекнување поширока слика за техничките и аналитички вештини.  

„Иако вештините во одредени STEM домени како наука за податоците можат да ви помогнат да влезете во приказната, се согласувам со Џек Дорси кој неодамна рекол дека вештачката интелигенција ќе го изеде почетното ниво на програмирањето и дека во иднината вашата професија може да излезе од оквирот на програмирање”, вели таа.  

„Клучот е да се стане некој кој може креативно да решава проблеми од секојдневниот свет и да се бори против сложените системски размислувања во тимови“, додава.  

Безбедност на интернет

Џими Етереџ, генералниот директор на компанијата Accenture of North America, вели дека со оглед на тоа дека се повеќе луѓе работат од дома, а се повеќе претпријатија го поместуваат својот бизнис на мрежите, сајбер сигурно ќе биде уште едно поле кое во голема мера ќе биде барано во наредните месеци и години.  

„Нема сомнеж дека ќе продолжиме да гледаме уште напади сега кога се повеќе луѓе работат од дома и веќе дојде до голем број јавни напади на Zoom”, вели тој, споменатиот бран напади на оваа апликација во кој хакерите неповикани се придружувале на повици и прикажувале непримерни содржини.  

А со оглед на тоа дека што се повеќе луѓе работат на далечина, ќе биде потребен и голем број вработени кои би ја штителе дигиталната соработка од вакви напади, вели Етереџ.

Според едно истражување од 2009 година, отприлика 2,8 милиони луѓе ширум светот веќе го работат ова, но би биле потребни дополнителни 4 милиони работници да би се обезбедила сигурност на интернет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi