ЌЕ ВИ БИДЕ ЖАЛ ШТО НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ ОВА ПОРАНО: 5 трикови за конечно да се ослободите од несоницата!

20 ноември, 2020
с1

Многу луѓе имаат проблеми со спиењето, а несоницата има последици во многу области од животот, од замор и стрес до здравствени проблеми. Еве како конечно да заспиете!


Добриот и квалитетен сон е неверојатно важен, му помага на мозокот да функционира правилно и брзо.

Недостатокот на сон влијае и на учењето, меморијата, расположението, емоциите и различните биолошки функции.

Овие 5 трикови гарантираат убав сон!

  1. Техника 4-7-8
    Ставете го врвот на јазикот зад горните предни заби, издишете целосно преку уста. Затворете ја устата и вдишете низ носот додека броите до четири во себе. Потоа задржете го здивот и избројте до седум. Отворете ја устата, издишете целосно и гласно додека броите до осум. Повторете го ова најмалку три до четири пати. Оваа техника релаксира и гарантира брз сон.
  2. Пуштете релаксирачка музика
    Многу студии покажаа дека одредена музика влијае на квалитетот на сонот и ја решава несоницата. Тајната е да слушате будистичка музика пред спиење. Мелодијата и ритамот на овие песни, во нашиот ум, предизвикуваат релаксација што ве заспива.
  3. Фокусирајте се да останете будни
    Овој трик веројатно звучи чудно, но на овој начин ќе можете да заспиете. Ако легнете и се присилите да заспиете, само го зголемувате стресот. Обидете се да се присилите да не спиете, нивото на стрес е помало затоа што веќе сте будни, ќе сфатите дека ова работи наутро кога ќе се разбудите и ќе бидете наспани.
  4. Вежбајте во текот на денот
    Физичката активност се смета за многу важна за добар и здрав сон. Исцрпете го вашето тело во текот на денот за полесно да заспиете. Студиите покажаа дека трчањето, вежбањето или одењето во теретана наутро е многу подобро, бидејќи телото веќе добива енергија откако ќе станете, што полека ја троши во текот на денот.
  5. Престанете да гледате во часовникот
    Ако ја гледате секоја секунда од часот и се нервирате што сè уште не сте заспале, го зголемувате стресот и уште повеќе се мачите. Обидете се да ги тргнете сите часовници што се околу вас и да го смирите вашето тело.

Пробајте некои од овие трикови и конечно заспијте мирно и брзо!