Кога душата трпи, телото страда: Потиснатите емоции можат да ги предизвикаат ОВИЕ тешки заболувања

20 август, 20200
226405_shutterstock-328676489_ls

Одамна се зборуваше дека емоциите и болестите се поврзани. Емоциите со нивните специфични вибрации влијаат врз одредени органи, па гневот предизвикува заболувања на црниот дроб и очите, додека тагата предизвикува заболувања на белите дробови, пишува „Luftika.rs“

Поради овие причини, ниту една емоција не треба да се „турка под килимот“ и да се игнорира.

Секој од нас има денови кога сме потажни, посреќни, позагрижени. И тоа е нормално и здраво. Секоја емоција треба да се доживее. Меѓутоа, ако емоцијата трае долго време или има силен интензитет, може сериозно да го оштети здравјето на одредени органи и да ја отвори вратата за болести.

Емоциите се најсигурен показател за она што навистина се случува во животот на една личност. Штом се појави нерамнотежа во работата на органите, тоа е знак дека нашите емоции почнале да влијаат на здравјето, поточно органот со кој се поврзани.

Еве како се поврзани емоциите и органите:

Радост – срце

Емоцијата на радост е поврзана со срцето. Многумина ќе се прашуваат како е можно радоста да му наштети на секој орган, кога сите сакаат да бидат среќни. Одговорот лежи во нерамнотежа што може да произлезе од премногу возбуда или ненадејната добра вест што може да биде шок за системот.

Изворите на стрес можат да бидат и позитивни и негативни. На пример, губењето работа е значаен извор на стрес, но стресот може да предизвика и унапредување на работа, брак или раѓање на дете, иако сите овие се среќни настани.

Лутина – црн дроб

Како што рековме, прекумерната или неизразена лутина влијае на црниот дроб. Бидејќи по својата природа гневот предизвикува qi i (енергија) да се движи нагоре, може да доведе до црвено лице и очи, потење на главата, висок крвен притисок, чешање на кожата.

Нерамнотежата на црниот дроб исто така може да доведе до болка под градниот кош, потреба од повеќе воздух и симптомот на „грутка во грлото“ е особено честа кај жените.

Тага – белите дробови

Ако сте тажни подолго време и ако тоа чувство е со силен интензитет, може да бидете уморни, да плачете, да бидете во депресија и да ви снемува здив. Тагата е поврзана со белите дробови и затоа често воздивнуваме кога сме тажни.

Страв – бубрези

Емоцијата на страв е поврзана со бубрезите. Ако некое лице е загрижено долго време, презаситено и парализирано од стравови и неизвесност, може значително да влијае на бубрезите.

Грижа – слезината

Нашата сегашност е таква што во најголем дел сите се грижиме за некого или за нешто. Оваа емоција ја испразнува енергијата на слезината, што може да биде причина за дигестивни нарушувања и на крајот да доведе до хроничен замор.

Како да постигнете рамнотежа?

Античките Кинези верувале дека здравјето значи рамнотежа на човечкото физичко, емоционално, енергично и ментално тело. Ова значи дека за да бидеме здрави, не е доволно само да јадеме здраво, туку мора да се грижиме и за тоа како се однесуваме, како дишеме, спиеме, како мислиме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *