Кои фризури ќе бидат во тренд ова лето?
Неуредни шишки
Неодамна Селена Гомез објавила селфи со степенаста виткана фризура во стилот на 70тите и токму таква фризура ќе биде хит ова лето. Модерните, неуредни шишки одлично изгледаат на различни типови на коса. Позитивна страна е што оваа фризура може многу лесно да се обликува.
Лоб фризура
Ова лето повторно во тренд ќе биде лоб фризурата што е всушност долг боб (long bob- lob).
Тоа е должина меѓу брадата и рамениците. Убавината на оваа фризура е што таа изгледа добро кај сите, без разлика какво лице имате.
Тап боб
И тапиот боб ќе се врати во мода, оној кој остро паѓа на брадата.
Оваа фризура дава поголема симетрија на лицето.
Шишки на страна
Оваа пролет многу ги шишаат сами шишките, дома. Шишките “направи сам” растат без фокусот да биде ставен на нив. Ито така, стилот кој ја прекрива едната страна на лицето изгледа сјајно на овие облици.
Кратка и полудолга фризура
Многумина сега ќе сакаат фризура околу која нема да има многу малтретирање. Таква е кратката фризура која може да се исуши на воздух.