Кои се правила за убавина ги прекршуваше Меган Маркл додека имаше кралски должности

9 мај, 2020
megan

Сите знаеме дека Меган Маркл во текот на своите кралски должности доби епитет – некој кој ги крши правилата поставени од кралското семејство.

Таа понекогаш ги занемаруваше кралските принципи, поради што воедно ги кршеше и традициите на кралското семејство. Мешу нив се и некои правила за убавина, па неколку пати Меган во јавноста ја видовме со разголени рамена, но и со фризури и шминка кои не одговараат на кралските протоколи.

Меган Маркл често носеше “опуштена” фризура

За време на официјалните настани, кога станува збор за коса, правило е секое влакно да биде под конец, најчесто во облик на затегната фризура. Сепак, Меган Маркл преферираше “разбушавена” пунџа. Со самото тоа, Меган “погреши” уште на својата венчавка, кога  неколку прамени “случајно” и паѓаа под велот.

Меган Маркл носеше маникир и педикир во темна боја

Според кралските протоколи, жените би требало да ги лакираат ноктите исклучиво во дискретни тонови на кожата.

Сепак, Меган понекогаш го прекршуваше ова правило: тврдоглаво избираше темни лакови, а тоа се докажа и за време на церемонијата British Fashion Avards 2018.

Меган Маркл користеше и “забранет” начин на шминкање

На членовите од кралското семејство им е забрането да се шминкаат со јаки нијанси. Меѓутоа, Меган редовно ги користеше своите омилени трикови – нагалсувајќи ги усните со сјај како би изгледале поголеми.

Меган Маркл користеше хајлатер

На членовите од кралското семејство им се препишува скромност, но не и гламур. Меган многу често користеше сјајни ефекти кога стануваше збор за шминкање, како што е хајлајтер, во што неколку пати се уверивме благодарение на папараците кои го фотографираа нејзиното лице од блиску. Тогаш во прв план беа нејзините јаболници.

Меган Маркл користеше вештачки трепки

Според кралското семејство, изгледот да биде комплетен, доволна е маскара. Сопругат на принцот Хари има различно мислење: често додаваше трепки, исклучиво на аголот од очите, како не би се приметиле многу.