Кој страда повеќе? Што прават жените по раскинувањето, a како се однесуваат мажите кога ќе добијат „корпа“?

9 октомври, 2020
Young couple holding broken heart

Мажите и жените се однесуваат различно по крајот на врската

Секое раскинување е болно и треба време да се надмине.

Секако, никогаш не е благодарно да се погодува кој повеќе страда по крајот на љубовта, мажите или жените, но многу е интересно да се погледне што прават припадниците на двата пола по раскинувањето.

Психолозите наведуваат дека во повеќето случаи, жените се оние кои ја раскинуваат врската и без оглед на децениската слика на мачо мажи, по раскинувањето посилниот пол страда повеќе.

И ова е потврдено со бројни студии. Иако мажите се заљубуваат почесто од жените, тие ретко навистина го даваат своето срце на некого. Бидејќи се многу тешки за отворање, затоа страдаат повеќе по раскинувањето.

На крајот на краиштата, најдобро е да погледнете колку е различно однесувањето на мажите и жените по крајот на врската.

Жените ќе плачат, ќе им се жалат на своите пријатели и ќе ги извадат сите емоции од себе. Од друга страна, мажите, за разлика од дамите, немаат период на жалење, тие чувствуваат лутина и конфузија. Припадниците на посилниот пол чуваат сè за себе и нивното решение е веднаш да скокнат во друга врска.

За мажите, изразувањето чувства е знак на слабост и тие ќе сторат сè за да го избегнат тоа, а утехата обично ќе ја најдат кај други жени или алкохолот.

Исто така, повеќето мажи немаат таков систем на поддршка како жените – на крајот на краиштата, колку припадници на посилниот пол сте слушнале отворено да ги искажуваат своите чувства, објаснувајќи колку се вознемирени и колку би сакале да функционира врската? Да, тоа ретко се случува.

Бидејќи не се справиле со раскинувањето на вистински начин, мажите многу веројатно ќе ги повторат истите грешки во идните романси.

Исто така, важен фактор во оваа приказна се пријателите.

Експертите наведуваат дека мажите, во обид да се дистанцираат од се што има врска со неуспешна романса, свесно или несвесно ќе го прекинат контактот со заедничките пријатели. Според некоја логика на нештата, тие се свртуваат кон соло пријатели затоа што им е многу тешко да слушнат од заеднички пријатели како на нивната бивша и оди добро во животот.

Од една страна, жените ќе се обидат да ја променат својата фризура или стилот на облекување по раскинувањето, со цел да означат нов почеток и да ја зголемат својата самодоверба. А, мажите ќе продолжат да страдаат во тишина и тоа ќе се рефлектира во нивниот изглед, а заморот и непроспиените ноќи сигурно ќе остават траги.

Нормално, треба да се избегнува секаков вид генерализација, особено кога станува збор за љубовта.

Само вие, без разлика дали сте маж или жена, знаете колку навистина е болно раскинувањето и колку време ви треба да се опоравите.

escort - Korsan taksi