Кој вели дека јогата е здодевна? Овие 10 пози можат да бидат одлични и за секс

2 декември, 2020
befunky-collage_y8KH9yj

Докажано е дека мажите и жените кои практикуваат јога се посреќни со својот сексуален живот, а се чини дека славните јога пози можат да бидат одлична инспирација за нови сексуални пози и уште поголема страст.

Вежбањето јога носи многу здравствени придобивки, а според неодамнешните студии, една од нив е подобрување на сексуалниот живот и на жените и на мажите.

Го подига квалитетот на сексуалниот живот

Студија спроведена пред 5 години врз мажи на возраст од 24 до 60 години покажа дека јогата има позитивни ефекти врз сексуалниот живот. По 12 недели редовно вежбање јога, испитаниците го оценија својот сексуален живот како значително подобрен. Чекор понатаму во истражувањето направија корејски научници кои неодамна одлучија да го испитаат влијанието на јогата врз женската сексуалност. Во студијата биле вклучени 41 жена на возраст од 30 до 60 години.

Во споредба со контролната група, субјектите кои вежбале јога доживеале значително подобрување на нивните здравствени проблеми: забележан е пад на нивото на холестерол и шеќер во крвта, како и намалување на крвниот притисок.

Испитаниците исто така го потврдија влијанието на јогата врз зголемувањето на нивото на сексуална возбуда, зголемување на влажноста на вагината и поголемо задоволство од сексуалниот живот.

Но, се чини дека придобивките од јогата за сексуално задоволство не запираат тука – имено, позите за вежбање можат да бидат одлична основа за нови пози во сексот. Погледнете некои од нив и пронајдете своја инспирација:

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi