Која песна за првиот свадбен танц носи среќа во бракот, а која предвидува развод?

1 октомври, 2020
wedding-16053221280-830x0

Која песна ја имавте вие на свадбата?

Првиот танц е еден од најубавите и најинтимните моменти на венчавката, а многу парови особено внимание посветуваат на изборот на песната со која ќе танцуваат на подиумот.

Иако младенците избираат многу романтични, емотивни или весели песни, љубовните експерти тврдат дека треба да бидете претпазливи кога одлучувате, бидејќи постојат одредени песни кои не носат среќа во бракот, и, за жал, сопружниците се разведуваат.

5.500 брачни парови учествуваа во студијата на интернет порталот On Buy, a целта беше да се открие песната на која паровите танцуваа на венчавката, а потоа да ја опишат нивната емотивна врска со сопружникот.

По анализата на податоците, креативниот тим на порталот откри дека убедливо најпопуларна песна за првиот танц е „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли, за која гласале 10,48 проценти од луѓето.

Песната што најчесто им носи среќа на младенците е песната „Can You Feel The Love Tonight“ од Елтон Џон – дури 77 проценти од брачните парови кои танцувале на оваа песна изјавиле дека се во многу среќен брак.

Интересно е и да се напомене дека парот е поверојатно да остане во брак доколку избере една од песните на Дизни.

Песните што донесоа брачна среќа се исто така „Isn’t She Lovely“ од Стиви Вондер и „The Way You Look Tonight“ од Френк Синатра.

Утврдено е дека песната што најверојатно ќе доведе до несреќен брак или развод е песната „Little Things“ што ја изведува бендот One Direction.

escort - Korsan taksi