Колку чекори на ден се потребни за да изгубите вишок килограми?

2 август, 20200
pesacenje

Ако целта ви е да ги изгубите насобраните килограми, поминувањето 10.000 чекори на ден при одење нема да биде доволно. Ова го тврди диететичарката Сузи Бурел, која го поддржува нејзиното тврдење со четири причини.

-Вежбањето е добро за нашето срце, кондиција, расположение и воопшто за телото, но мора да направите многу повеќе ако сакате да изгубите тежина, вели таа.

Премногу седиме. Многу луѓе седат 8 до 12 часа на ден, што е премногу.

-Одење 60 до 90 минути на ден, што е еквивалентно на 10,000 чекори кај просечната личност, не може да согори дополнителна маснотија. Ние седиме премногу и треба да согориме многу повеќе калории, вели Сузи.

Ритамот на срцето ретко се забрзува додека одите

Ако сакате да согорите калории, треба да го забрзате срцевиот ритам, и тоа скоро никогаш не се случува за време на редовната прошетка.

Јадете повеќе кога мислите дека сме поактивни

Колку пати сте се решиле да прошетате и да се засладите со чоколадо кога се вративте дома? Диетитичарката Бурел вели дека повеќето луѓе ќе се наградат по физичка активност, но кога пешачите не согорувате толку многу калории колку што мислите.

-Ако целта ви е да изгубите тежина, треба да внимавате на внесот на калории дури и ако правите 10,000 чекори на ден, истакнува таа.

10 илјади чекори е само одржување

На крајот, Сузи вели дека 10.000 чекори на ден е добро да се направи за да се одржи телесната тежина, но не и да изгубите тежина.

-Може да видите резултати само ако го забрзате срцевиот ритам, правете најмалку 15 000 до 20 000 чекори на ден и внимавајте на вашата исхрана, заклучи таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *