Колку често на прашањето “Како си?” одговарате со “Добро сум”, а да сте навистина добро во моментот?

20 јуни, 20200
cbt-main

Секогаш има барем една личност која е “одлична” или “никогаш подобра”, кога и да ја прашате како е. Исто така, некои на прашањето “Како си?” секогаш одговараат со “лелекање” и жалејќи се за сè што им се случило во животот.

Од друга страна, повеќето луѓе автоматски, дури и кога се во лошо расположение, одговораaт со “Добро сум”.

Дали сте се запрашале што стои зад вашиот одговор и дали навистина сте ДОБРО или едноставно, по навика, го давате одговорот којшто се очекува од вас?

  • „Оние кои секогаш одговараат дека се добро, без разлика колку се чувствуваат лошо, честопати се тип на луѓе кои не ги признаваат своите слабости – вели психологот Снежана Миловановиќ.

Наспроти нив, има такви што не можат да дочекаат да ги прашате како се, за да ги кажат своите проблеми.

  • „Тие сакаат да се здобијат со емпатија и се потпираат на другите за да ги решат своите проблеми. На некој начин, тие пресметуваат дали некој ќе се заинтересира за да им помогне. Научени се да се потпираат на другите

Ние припаѓаме на културата која честопати ги искажува своите позитивни и негативни чувства секогаш кога има можност, но треба да знаеме дека тоа не е случај со сите.

„Социјални маски, на пример, често се градат во Америка или Јапонија. Ова значи дека луѓето се навикнати да не изразуваат позитивни или негативни емоции пред другите луѓе, освен ако не чувствуваат голема блискост

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *