Колку допирањето на носот е опасно по нашето здравје и како да престанеме со тоа?

22 јуни, 20200
Young european man is picking his nose. Bad manners concept.

Пипкањето на носот е една од најлошите навики, а да не спомнуваме дека може да биде и одвратно. Меѓутоа, ако заборавиме на лошите манири за момент, треба да се истакне дека опсесивното допирање на носот може сериозно да го загрози нашето здравје.

Особено во ерата на Коронавирусот…

Инфекции

Ноктите можат да предизвикаат мали „вдлабнатини“ во ткивото на ноздрите. Исто така, бактериите можат да влезат во овие „вдлабнатини“ и да предизвикаат разни инфекции.

Ширење на болести

Во слузот од носот се собира прашина, бактерии и вируси што ги внесуваме секој ден. Со допирањето на носот, ги шириме овие штетни материи.

Оштетување на носната слузница

Секојдневното допирање на носот може да доведе до сериозни повреди на септумот (бариера помеѓу ноздрите), крварење и отекување на носот.

Како да се ослободите од оваа навика

Како и сите несвесни навики, тешко е да се одвикнеме и од оваа.  Експертите предлагаат неколку начини да се ослободите од оваа навика, но, реално, сето тоа е прашање на вашата волја.

Решението со солена вода е одлично во случаи кога чувствувате потреба да го “чепкате” носот, бидејќи ноздрите ви се суви.

Ставете импровизиран завој на прстот што го користите за допирање на носот и на овој начин ќе се спречите себе да продолжите со омилената „забава“.

Ако допирањето на носот е начин да се борите против стресот или вознемиреноста, пронајдете замена. Држете нешто во рака или играјте игра што бара од вас да ги користите двете раце.

Меѓутоа, ако ништо од ова не помага, консултирајте се со психолог.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi