Колку калории се трошат за време на сексот?

10 август, 20200
калории

За време на сексот во зависност од позициите се активираат речиси сите мускули на телото, така што не е чудно што со оваа активност се трошат многу калории.

Сексолозите тврдат дека со половина час секс се трошат 150 калории, додека со пожесток секс може да се потрошат дури и 350 калории, што е еднакво на трчање од половина час. Според едни истражувања, мажите трошат околу 100 калории за време на просечен секс, додека жените трошат околу 69 калории.

Истражувачите процениле дека мажите можат да согорат околу 4,2 калории по минута за време на сексот, додека жените согоруваат 3,1 калорија.

“Мажите можеби се физички поактивни за време на сексот што потенцијално објаснува зошто согоруваат повеќе калории”, рекол авторот на студијата Ентони Карелис.

Но жените исто така мораат да научат да го контролираат оргазмот и да издржат што е можно подолго врз партнерот, а на овој начин тие ги активираат и мускулите на рамениците, рацете и бутовите.

Доколку жените се позиционираат на тој начин стапалата да го допираат креветот или подот, активираат поголем број на мускули.

Експертите нагласуваат дека сексот е одлична вежба и препорачуваат почесто да се практикува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi