Колку пати неделно треба да ја миеме косата според нејзиниот тип?

12 ноември, 20210
kosa 2

Постојат голем број на теории за ова тема, а ние побаравме помош од стручно лице.

Пред да почнеме да пишуваме на ова тема, мораме да се држиме до фактот: Не постои универзален одоговр за “Колку често треба да се мие косата”?, бидејќи секој има единствена коса со единствени потреби. Сепак, сигурно сте слушнале дека е најдобро да се мие косата колку што може поретко, што е тотална глупост, без притоа да се земе во предвид типот на косата.

Сепак, во зависност на вашиот тип на коса, нејзиното почесто миење може да предизвика перут, иритација, губење на косата, сушење….ги прашавме стручните лица што мислат во врска со ова, и еве што ни открија.

Рамна, тенка коса

Мијте ја косата секој втор ден

Иако изгледа дека рамна коса е лесна за одржување, сепак е тоа сосема спротивно. На рамна коса многу повеќе се приметува масноста, отколку кај другите типови на коса. Што значи дека, дури иако вашата не е мрсна, така ќе изгледа. Можеби вам ви се чини дека најдобро решение е да ја миете секој ден, сепак тој начин може да доведе до поголемо оштетување. Наместо тоа, мијте ја косата секој втор ден со нежни движења, користете препарати за волумен како и шампон за суво миење.

Густа коса

Мијте ја една до двапати неделно

Интересен факт: Густите фоликули имаат тенденција да ја “маскираат” масноста подобро од тенките влакна, што значи дека “ако вашата коса е повеќе масна, пробајте да ја миете еднаш или двапати неделно”. Доколку сте склони кон создавање на перут, пробајте со шампони од чаеви кои ги чистат порите.

Виткана коса

Мијте ја косата два до трипати неделно

Прекршена и слабо виткана коса лесно може да го изгуби својот облик доколку користите погрешен шампон. За да го одржувате волуменот и обликот, мијте ја косата секој втор ден (доколку влакната се склони кон мастење) или секој втор, трет ден (за “нормални” влакна) со шампон со сулфат.

Оштетена коса

Мијте ја косата секој два до три дена

Кога косата е оштетена (благодарение на постојаното пеглање, фенирање, фарбање итн) она станува сува, груба и лесно кршлива. За да го избегнете тоа користете шампон со сулфат кој во себе има билни протеини и лесни масла за чистење и хидратација.

Масна коса

Мијте ја секој втор ден

Знаеме дека многумина кои се борат против овој проблем сметаат дека решение е секојдневното миење на косата. Меѓутоа, на тој начин ја сушите и оштетувате дополнително, а тоа може да доведе до поголемо мастење. Наместо тоа, мијте ја секој втор ден, со шампон кој не содржит сулфат.

Нормална коса

Мијте ја секој втор до трет ден

Веднаш да разјасниме: Не постои “нормална” или “ненормална” коса, но доколку не ви е виткана, тенка и масна – некаде на средина сте – тоа значи дека може да користите и таков шампон. Пробајте хидратантен шампон без сулфат, со нежно масло (не силиконско) кое ќе ви овозможи дополнителен сјај и мекост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi