Колку пати во животот жените и мажите ја сретнале ВИСТИНАТА љубов, а колку луѓе НИКОГАШ не се заљубиле?

8 октомври, 2020
Ljubavni-par-1536x1024

Дали ја пронајдовте вистинската љубов?

Повеќето луѓе сакаат да ја пронајдат вистинската љубов барем еднаш во животот, онаа што се памети засекогаш, која никогаш не се заборава.

Затоа е интересно да се погледне што покажува истражувањето и колку често навистина ја наоѓаме таа љубов за сите времиња.

Анкетата, во која учествуваа 2.000 мажи и жени, имаше нешто изненадувачки резултати.

Имено, 47 проценти од жените изјавиле дека во животот имале само една вистинска љубов, додека кај мажите ситуацијата е поинаква па 39 проценти од нив имале една голема љубов.

Околу 51 процент од припадниците на посилниот пол одговориле дека имале две до пет големи љубови, додека кај жените тој процент е 45.

Очигледно е дека мажите се повеќе заљубени од жените.

Сепак, веројатно најважните податоци во оваа анкета се процентот на луѓе кои НИКОГАШ не се заљубиле во животот.

И, тоа се однесува на по 5 проценти од мажите и жените.

„Освежувачки е да се види дека вистинската љубов сè уште постои и дека не е најважна физичката привлечност, туку дека се ценат вистинските доблести како што е искреноста. Срамота е што нашиот бурен начин на живот е пречка за спонтаноста што ја одржува секоја врска жива “, вели психотерапевтката Луси Бересфорд.

escort - Korsan taksi