Конечно е разрешена вечната мистерија на жените: ДАЛИ Е ПОДОБРО ДА СПИЈАТ СО ИЛИ БЕЗ ГРАДНИК?

14 август, 2020
420723_grudnjak_ls

Дали жените треба да носат градник додека спијат? – е прашање на кое се бараше одговор со години. Мислењата на жените, но и на експерти надлежни за оваа тема, се различни.

Некои жени сметаат дека градниците се иритирачки и можат да придонесат за развој на карцином на дојка, додека други сметаат дека носењето градник во текот на ноќта ќе им помогне да се борат против опуштеност на градите.

За жал, нема научни докази што силно ја поддржуваат теоријата дека носењето градник во текот на ноќта ќе помогне да се спречи прекумерната релаксација.

Носењето градник во кревет може да биде удобно додека спиете, но тоа не помага во заштита против опуштање на градите.

Експертите се согласуваат дека градникот може да се носи во кревет, ако жената што го носи може да спие нормално.

Ако Ве мачат, извадете ги, бидејќи од научна гледна точка, нема докази дека градниците ќе Ви бидат од помош кога станува збор за изгледот на Вашите гради.

„Нема докази дека спиењето со градник нема влијание врз здравјето, ниту позитивно ниту негативно“, вели д-р Амбер Гат, а неодамнешната студија не откри поврзаност помеѓу ризикот од карцином и носење градник.

„Ризикот беше многу сличен, без оглед на тоа колку часови на ден жените носеа градник, како и дали имаа жица, push-up додатоци или кога за прв пат почнаа да носа градник“, рече научникот вклучен во студијата, Лу Чен

Од друга страна, нема придобивки да носите градник додека спиете – дури ниту вашите гради нема да бидат цврсти и обликувани заради тоа. Промените во градите како опуштање се случуваат само поради стареење, гравитација, бременост и доење, не заради зачестеноста на носење градник.

Повеќето жени кои носат градник за време на спиењето, обично се жени со големи гради и тоа го прават за дополнителна поддршка.

Ако одлучите да спиете со градник, најдобро е да се одлучите за мек материјал и без жица. Не размислувајте за премногу тесни градници или за оние што Ви ја сечат кожата, затоа што премногу тесен градник може да предизвика иритација на градите, што може да предизвика проблеми со спиењето.