Конечно и „Pride” кампањата на Calvin Klein – Фотографиите се воодушевувачки

15 мај, 2020
53345

Додека „Pride” месецот изгледа малку поинаку оваа година, без паради и маршови, неговата прослава секако нема да запре. Calvin Klein доминираше со својата #PROUDINMYCALVINS кампања која го воздигнува себеизразувањето и целосниот спектар на LGBTQ+ идентитетите. Кампањата вклучува девет различни модели, актери, артисти и активисти во LGBTQ+ заедницата, поточно Tommy Dorfman, Chella Man, MaryV, Pabllo Vittar, Jari Jones, Mina Gerges, Gia Woods, Reeece King и Ama Elsesser.

Фотографирани од страна на Ryan McGinley, неговите ремек дела прикажуваат индивидуалност и гордост на најубав возможен начин. Целта на брендот за LGBTQ+ заедницата е таа комплетно да биде претставена преку широкиот дијапазон на лица и перспективи, каде секој лик е внимателно избран заради своите уникатните искуства и персоналност.

Додека фотографиите од оваа кампања секако зрачат со класичниот сексапил по кој Calvin Klein е познат, сепак го “соголуваат” и секој модел поединечно, нагласувајќи ја нивната уникатност.

Погледнете го видеото и уживајте во прекрасните фотографии од оваа кампања.