Конзервираната храна трае подолго но мора да внимавате

23 мај, 20200
498625_konzervisana-hrana_ls

Правењето на залихи на намирници е неизбежен дел од секоја кризна ситуација па така и во овој период додека трае пандемијата на корона вирусот се повеќе се купува конзервирана храна. За да конзерираната храна биде безбедна за конзумирање и да ги задржи сите хранливи состојки треба да се придржувате до основите правила за користење на овој тип на храна според др. Олга Личина.

Една од дефинициите за конзервирана храна е постапката за спречување на храната од животинско и растително потекло да се расипе. Тоа го кажува и самиот корен на зборот кој потекнува од латинскиот conservare што значи зааштита. Овој процес го има измислено парисскиот слаткар и куввар Николас Апер кој кон крајот на 18 век забележал дека при посебна термичка обработка овие производи траат подолго. Поради спецификата тие имаат и посебни правила за користење пред и по отварање на истите за што не советука клиничкиот нутриционист др. Олга Личина.

  • Со процесот на конзервирање производите се штитат од непосакувани физичко-хемиски појави и процеси како и од микробиолошко разложување. Иако за конзервирани продукти се сметаат сите оние кои се спакувани во херметички лимени, стаклени или пластични амбалажи и потоа подложени на топлина, треба да внимаваме на нив постојано. За да овој тип на храна ги задржи своите хранливи својства треба да се внимава каде и како се чуваат, дали се оштетени при купувањето и како безбедно да се конзуммираат – наведува докторката и дава детални инструкции за кои треба да се придржуваме при купувањето и конзумирањето на конзервираните производи.

Иако тие се херметички и затворени секогаш проверувајте го рокот на траење. Иако обично оваа храна има долг рок на траење бидејќи обично после две двве години ги губат хранливите состојки. Истотака обратете внимание на амбалажата на пакувањето дали е оштетена односно кородирана кое може да настане за време на нејзиното складирање од висока влажност, а до деформација на пакувањето може да дојде поради процесот на стерилизација или за време на пакувањето и чувањето. Набабрувањето на амбалажата е уште еден знак за лошиот квалитет на производот. Тоа може да настане поради присуството на гасови кои можат да бидат хемиски или микробиолошки.

Пред отварање

  • проверете дали амбалажата е оштеттена
  • измијте раце
  • дезинфицирајте ги или добро измијте ги продуктите
  • користете остри и чисти отварачи и потоа добро измијте ги
  • користете чисти чинии или подлоги за сервирање
  • никогаш некојте да јадете директно од конзервата
  • ако има сомнителна содржина во конзервата отстранете ја без да ја пробате

Откако ќе отворите

откако ќе ја отворите конзервата обавезно пресипете ја содржината во друг сад и веднаш да се конзумира. Ако ви остане дел истиот пресипете го во стаклен или пластичен сад и чувајте го во фрижидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi