11 јули, 2020

Дезинфекцијата со УВ зраци се користи веќе 40 години, но постојат ризици кога тие уреди се користат врз човечката кожа. Постојат три видови на УВ светло:УВ-А, УВ-Б и УВ-Ц. Сите три потекнуваат од Сонцето, но до Земјата стигнуваат првите два кои предизвикуваат изгореници и предвремено стареење на кожата, а се поврзуваат и со појава на рак.

Третиот вид на УВ светлина која има најмногу енергија е најштетен за луѓето и се користи за дезинфекција, а сега се рекламира како средство против коронавирус. Засега нема докази дека УВ-А и УВ-Б зраците можат да го убијат коронавирусот, па се претпоставува дека сончевите силни зраци нема да го намалат ризикот од зараза. Досегашните научни докази велат дека третиот вид УВ-Ц светлина може да убие разни вируси, веројатно и коронавирусот, но тоа не е научно потврдено.

Она што се знае е дека УВ зраците ја оштетуваат кожата и дека треба да се користат за дезинфекција на предмети или површини. УВ светлото никако не треба да се користи за дезинфекција на раце или други делови од кожата, бидејќи УВ зраците освен што може да ја оштетат кожата, може да ги оштетат и очите.

Некои компании поизведуваат уреди за УВ дезинфекција на згради, болници. Се тврди дека тие УВ зрачења се доволно мали за да се избегнат здравствени компликации како опекотини на кожата или на очите.

Заклучокот е дека луѓето не треба да се изложуваат на УВ зрачења и дека истите можат да се користат само за чистење на предмети и некои површини.

Остави коментар

Почетна // Life Story // Користењето на уреди со УВ зраци за убивање на вируси може да биде опасно!
Горе