Корона може да се препознае и по изгледот на кожата: Сите знаеме за ковид прсти, но не и за овие 5 типови на осип

7 јули, 20200
kovid

Ви ги откриваме најкарактеристичните кожни манифестации кои се поврзуваат со Covid-19.

Во светот се појавуваат бројни извештаи за кожни осипи кај пациентите заболени од корона вирусот.

Осипот може да поприми различни облици – некои се појавуват како ситни црвени точки, додека кај други се манифестираат во вид на рамни или незначително испакнати лезии. Некои потсетуваат на облик на кошници, а има и осип кој може да се спореди со смрзнати ножни прсти.

Меѓутоа, прерано е да се зборува дали овие кожни манифестации се навистина предизвикани од SARS-CoV-2 вирусот или се поврзани со други фактори.

-Тоа е навистина прашање за милион долари. Нејасно е дали лезиите на кожата кои се гледаат кај пациентите заболени од Covid-19 се директна поврзани со вирусот, а се манифестира на кожата или се реакција која се појавува како одговор на имуно системот – изјави др. Канад Шинкаи, професор дерматолог на Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско.

Исто така, можно е некои осипи да настан и како последица од компликација од болеста, поради реакција на лекови или влијание на други вируси, додаде докторката.

Објавите по медиуми и дискусијата на формумите, го привлече вниманието на овие осипи, но “сега е време за најригорозните истражувања“, напиша докторката. Потребна е работа во решавање на многу неодговорени прашања.

Колку е зачестена појавата на осипот?

Добро е познато дека некои вирусни заболувања, како што се варичела и рубеола, можат да предизвикаат осип. Но, осипот поврзан со вирусот најчесто е појавува кај деца. Затоа е многу значајно да се прегледаат бројките од извештаите за осипот кој се појавува кај возрасни пациенти со Covid-19. Колку се чести осипите, останува нејасно.

Во една рана студија, во која учествувале повеќе од 1.000 пациенти заразени од новиот вирус во Кина, а објавена на 28 февруари, оспиот е забележан кај само 0,2% од пацентите. Меѓутоа, во новите студија во која се опфатени 150 хоспитализирани пациенти, осипот е пронајде кај 20%.

Потребни се повеќе студии во кои ќе се следат пациентите во текот на одреден период како би можело да се стекне увид во распростанетоста на осипот.

Како изгледаат осипите?

Различни осипи понекогаш може да бидат “јасен знак“ за одредена инфекција. Дали тоа ќе биде знак и кај пациентите со Covid-19 останува да се види.

Шпанска студија објавена на 29 април ги групира осипите поврзано со корона вирусот во пет категории:

-макулопапуларен оспи или оној карактеристичниот за вирусни инфекции како што е кај рубеола, со црвени испакнатини на зацрвенета кожа;

-осип утрикарија, коприва;

-осип ливдо, кој се јавува во вид на мрежа или прстенасти дамки во различни големини;

-оспи на прстите кој наликува на смрзнување, неофицијално наречен “Ковид ножни прсти“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi