КОРОНАВИРУСОТ МУТИРАЛ, СЕГА ПОЛЕСНО СЕ ШИРИ: Нo, научниците сепак имаат добри вести

13 ноември, 2020
koronavirus-7

Научниците тврдат дека корона вирусот мутирал, но тоа не мора да значи ништо лошо…

Најновите истражувања покажаа дека новиот, мутиран вид на коронавирус се шири полесно, но е помалку опасен од оригиналниот.

Исто така, откриено е дека мутираниот вид на вирусот не ја променил својата физичка форма, односно треба да биде подеднакво подложен на имунолошкиот одговор на организмот – без разлика дали е природен или е предизвикан од вакцина, пренесува CNN.

Американскиот истражувачки тим го тестираше вирусот на лабораториски животни и во лабораториски услови.

„Варијантата покажува поефикасна инфекција, репликација и конкурентност во примарните епителни клетки на дишните патишта на човекот“, заклучија истражувачите.