Кортни Кардашијан се колне во овој трик: За блескава и нежна кожа потребно ви е само ОВА!

12 октомври, 2020
kortni-kardasijan

Првата асоцијација, кога ќе помислиме на рутина за грижа за познати личности, главно е: „Лесно им е кога имаат толку многу пари!“ Креми, препарати, третмани … па сите би ми изгледале како милион долари, ако ги имаме истите како нив, нели?

Понекогаш старите решенија се најдобри, а славните го следат ова правило. Една од сестрите Кардашијан, Кортни, која со години се колне на едноставен трик и тврди дека ја остава кожата мазна, свежа и затегната, ја сподели и својата навика во рутината за нега. Имено, одамна е познато дека најдобриот начин да се отстранат мртвите клетки од кожата е да се користи некаков вид пилинг, но механичките варијанти можат да бидат премногу груби и абразивни, а на долг рок да донесат повеќе штета отколку корист. Сепак, постои начин да се направи сето ова многу понежно, без да се купуваат скапи пилинзи. Имено, клучот лежи во крпите. Да, добро прочитавте.


Имено, Кортни објасни како редовно користи памучна крпа за нежен и ефикасен пилинг на кожата. Обично го користи за отстранување на маската за лице, која редовно ја става. Таа исто така додаде дека овој метод го научила од нејзината мајка Крис Џенер. Како што вели, Крис секогаш и велела дека најдобриот пилинг за лице се прави со триење со топол, влажен пешкир и дека токму поради таа причина, барем еднаш неделно, таа ја третира кожата на тој начин. Постапката е многу лесна и се состои од неколку чекори. „За почеток, истурете топла вода во сад, а потоа натопете крпа во неа, исцедете ја малку и раширете ја рамномерно на лицето. По неколку минути, нежно поминувате преку лицето, како да го бришете. На тој начин, ќе ја третирате кожата со благ пилинг, ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе и овозможите подобро да апсорбира креми и серуми против стареење “, вели Кортни.

escort - Korsan taksi