КОВИД-19 НЕ ПОПУШТА НИТУ КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ИНФЕКЦИЈАТА! Дури 91 процент од оние кои биле подложени на КОРОНА, чувствуваат ЕДЕН симптом дури и кога ќе се опорават

27 октомври, 2020
2357889_0615-zorana-jevtic_ls

Ковид-19 е респираторна болест, но влијае не само на белите дробови, туку и на другите органи на начин што ги загрижува научниците.

Сознанијата на научниците сугерираат дека Ковид-19 кај некои пациенти може значително да ги оштети бубрезите, црниот дроб, срцето и мозокот. И на долг рок. Неодамнешна студија покажа дека дури 91 процент од пациентите кои се „опоравиле“ имаат барем една долгорочна компликација на оваа болест, пишува „Best life“.

Новите откритија се резултат на студија спроведена на 965 пациенти кои се опоравиле од Ковид-19 во Јужна Кореја, пренесува Reuters.

Научниците рекоа дека 879 испитаници, или 91 процент од нив, рекле дека имаат еден долготраен симптом.

Заморот беше најчест симптом (пријавен кај 26 проценти од пациентите), а тешкотии во концентрацијата беа пријавени кај 25 проценти од пациентите, според Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA)

Бројни пациенти рекоа дека тие исто така имале психолошки проблеми и долгорочно губење на чувството за вкус и мирис, а кај некои од нив оваа последица била присутна дури и неколку месеци по завршувањето на болничкиот третман.

Резултатите од истражувањето се уште еден доказ дека многумина кои прлежале коронавирус се борат со долгорочните последици од оваа болест.

escort - Korsan taksi