Кожата станува зависна од дезедоранс и постои начин да се спречи тоа

25 јули, 20200
дезедоранс

Бидејќи помалку или повеќе сите се дома, поради пандемијата COVID-19, генерално сме во контакт само со семејството, а сега е најдобро време да му овозможиме на телото да се одмори од  антиперспирантите кои се нанесуваат под пазувите и од штетните материи што ги содржат.

– Антиперспирантите првенствено функционираат така што блокираат лачење на пот со затнување на каналите. Поради намаленото лачење на пот, се создаваат помалку бактерии и колку помалку бактерии има, толку е помалку мирис “, објаснува др. Маја Чековиќ.

„И покрај вообичаеното уверување дека прекинувањето на употребата на антиперспиранти ќе ги„ исчисти“ пазувите, единствените органи за тетоксикација се црниот дроб и бубрезите“, рече дерматологот од Њујорк, Зејхнер.

Но, кога антиперспирантите престануваат да се користат по некое време, вели Др. Зејхнер, природниот микробиом на кожата може да се „ресетира“. Запирање на употреба на антиперспиранти ќе помогне да се врати природниот микробиом на кожата, но тогаш, се разбира, ќе се врати непријатниот мирис.

– Ако забележите дека дезодорансот кој го користите долго време ви делува помалку отколку порано, вашето тело е веројатно навикнато на неговиот состав и време е да го смените типот на дезодоранс.

Кога станува збор за дезодоранси и антиперспиранти, напоменува Др. Чековиќ, во последните неколку години, многу жени се загрижени за нивната штетност.

„Иако често може да се слушне за штетните и канцерогени ефекти на дезодорансите и антиперспиранти засновани на соли на алуминиум, а некои сметаат дека таков производ може да влијае на развојот на рак на дојка, ваквите тврдења не се докажани или побиени“, рече таа.

Некои студии, вели таа, ја потврдуваат тезата за канцерогеност, но други ја побиваат, така што сè уште нема соодветни докази за тоа, објасни Др. Чековиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *