Less is more: Кајли Џенер откри какви бикини ќе носиме ова лето

22 април, 20200
kajli 2

И покрај тоа што од календарското лето нѐ делат точно два месеци, во некои делови на светот е веќе доволно топло за сончање и капење.

Пример за тоа е сончевата Калифорнија, каде што живее убавина Кајли Џенер, која го поминува карантинскиот период дружејќи се со нејзината ќерка, Сторми, со која ужива во својата раскошна вила.

Еден од луксузите поради кој многумина им заведуваат на богатите и славните е приватниот базен, а самата Кајли често објавува заводливи фотографии од нејзините лежалки покрај базенот, покажувајќи ги нејзините нови бикини.

Тоа го стори и денес, а нејзиниот избор падна на бикини во nude нијансa.

И, додека со години масовно купувавме бикини во неонски бои, се чини дека минимализмот почнува да се цени сè повеќе. Она што исто така можеме да забележиме е дека т.н. деколте на колкот е сè уште многу популарно, што значи дека оваа година во продажба најмногу ќе ги гледаме бикините со висок струк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *