Либидо диета: Како храната влијае на желбата за секс, но и издржливостa

15 август, 2020
Annotation 2020-08-15 005650

Експертите од Клиниката Мајо во САД  откриле дека високото ниво на естроген може во потполност да ја намали желбата за секс кај мажите и да да ја смали способноста на жената за доживување на оргазам.

Ви откриваме како одредени намирници влијаат на либидото, односно што да јадете ако сакате да ви пршти од страст во креветот.

Значи , со мала промена на менито имате прилика својот сексуален живот да го доведете во ‘нова младост’. Запамтете, еднаш се живее, животот е краток и зошто да не уживате во него што подолго.

Целер

Иако целерот не звучи како највозбудлива храна која може да го подобри сексуалниот живот, сепак е така. Многубројните истражувања откриваат дека јадењето на целер го зголемува нивото на феромон во потта на мажите, а тоа е тоа што женскиот нос многу ќе го цени.

– Тоа ќе го направи секој маж привлечен за жените.

Исто така , целерот е полн со витамин Ц, калиум, калциум, фолна киселина и влакна. Така да дефинитивно е добар за вашата прехрана- вели нутриционистот Аманда Урсел.

Бадеми

– Бадемите се богати со магнезиум, хранливи материи кои можат да им помогнат на луѓето да се опуштат- објаснува Луис Вестр.

-Жените се посебно склони на секс ако се опуштени и во вистинско расположение. Други  намирници кои би можеле да помогнат се зелениот лиснат зеленчук, јаткастите плодови и семките од тиква.

Диета со малку јагленохидрати

Експертите од Клиниката Мајо во САД открија дека големото ниво на естроген влијае негативно на сексуалната желба кај мажите и ја намалува женската способност за постигање на оргазам. Затоа , важно е да се намали насобраното сало на стомакот.

– Кога носите поголема тежина околу стомакот, нивото на естроген расте. Луѓето кои држат диета со низок внес на јагленохидрати имаат тенденција побргу да ги изгубат килограмите, посебно околу стомакот и така да ги избалансираат хормоните – објаснува нутриционистката Аманда Урсел.

Чоколадо

Чоколадото може да ја подобри циркулацијата, зголемувајќи го дотокот на крв во делови на телото кои се важни за добар секс.

– Стресот влијае на либидото така што го зголемува нивото на хормонот кортизол кој ги стеснува артериите и го ограничува протокот на крв во телото – вели Џенет Џексон, нутриционистка и авторка на книгата ‘Drop Zone Diet’.

– Изборот на продукти со антистресно својство е одличен начин за подобрување на вашиот сексуален живот, а чоколадото е одлично за тоа. Чоколадото помага за ослободување на фенилетиламинот и серотонинот кои допринесуваат за подигање на расположението, но , исто така, ја зголемуваат и циркулацијата, доведувајќи доток на крв ‘таму доле’ – додаде таа.

Веганска исхрана

– Отфрлањето на месо, млечни производи и се што е од животинско потекло може да го подобри сексуалното искуство.

-Ако од исхраната ги отстраните месото и млечните производи, ќе го намалите внесот на заситени и транс масти. Големото ниво на овие ‘нездрави’ масти го запушува кардиоваскуларниот систем, правејќи ве подложни на сексуални проблеми како еректилна дисфункција – вели Луис Вестр.

Дури и ако малку го намалите внесот на месо и млечни производи и го зголемите внесот на билните хранливи материи, ќе го подобрите вашето кардиоваскуларно здравје, а со тоа и сексуалното искуство. Подобро ќе се чувствувате кога телото ќе ви го преплави свежа крв полна со кислород – додаде таа.

Лубеница

Богата е со витамин Б12,  кој им недостасува на многу луѓе.

– Ако ви недостига витамин Б12, веројатно ќе се чувствувате уморно и исцрпено, а тогаш се мали шансите да мислите на секс. Лубеницата е одличен извор на Б12. Содржи и ликопен, кој делува против воспалително – вели Џенет Џексон.

Медитеранска диета

Студиите од 2018 година откриле дека мажите кои се придржуваат на медитеранскиот вид на исхрана имаат помалку проблеми со ерекцијата и уживаат подолго во сексот.

– Храната како риба и маслиново масло може да го зголеми нивото на допамин во мозокот и да предизвика возбудување. Исто така, го зголемува нивото на тестостерон кој им е потребен на мажите и жените за здрав сексуален нагон- објасни Луис Вестр.

– Диетата богата со зеленчук и немасно месо исто така го подобрува расположението- додаде.

Јајца

Јајцата се преполни со корисни материи за вашето здравје. Една од нив е холинот, кој е многу важен за обнова на мозочното ткиво.

-Сексот почнува во мозокот и на сите кои доаѓаат во мојата клиника им кажувам секој ден да јадат по едно варено јајце. Холинот може да го зголеми фокусот, но и да го зголеми преносот во нервите. Тоа значи дека нервните завршетоци во гениталиите можат да бидат по осетливи, а тоа ќе ви пружи поголемо уживање во текот на сексот – вели Џенет Џексон.

Школки и шкампи

– Тие се познат афродизијак. Сите школки содржат цинк. Луѓето кои имаат недостаток на цинк се често сесклони кон анксиозност, а во таква состојба немаат ни желба за секс – вели Џенет Џексон, за The Sun.