4 работи што НИКОГАШ не треба да ги направите пред или после интимен однос

18 август, 20200
Annotation 2020-08-18 165902

Немојте да направите грешка за која ќе се каете

Понекогаш дури и искусните љубовници можат да направат погрешен чекор и со тоа да уништат романтична секс средба.

Постојат одредени „правила“ за пред и после сексот, кои треба да ги следите доколку сакате навистина да уживате во моментот, без никакви проблеми.

Ви претставуваме 4 работи што никогаш не треба да ги правите пред или после сексот.

1. Немојте премногу да пиете

Иако една чаша вино може да го подобри вашето расположение и да ви даде нова енергија, ако претерате со алкохол, сексот може да биде лош. Според студијата на Универзитетот во Мисури – Сент Луис, 11% од испитаниците кои пиеле алкохол пред сексуалниот однос имале проблем да постигнат оргазам, пишува сајтот prevention.com.

Споредено со оние кои не пиеле, машкиот дел од испитаниците кои консумирале алкохол имал потешкотии во ејакулацијата, додека на жените што пиеле пред секс им требала посилна стимулација за да стигнат до кулминација.

2. Нема потреба веднаш да трчате во тоалетот

Можеби сте слушнале дека треба да уринирате веднаш после секс за да спречите инфекција на уринарниот тракт, но ова е целосно непотребно, вели д-р Џенифер Бамп, гинеколог.

Таа вели дека, освен ако навистина не сакате да одите во тоалетот, нема потреба да престанете да разменувате нежност по кулминацијата, само заради паниката дека ќе имате здравствени проблеми, затоа што тоа нема да се случи.

3. Немојте да имате премногу обилен оброк

Не е добро да се јаде премногу, пред сексуалниот однос. Многу храна може да предизвика надуеност за време на сексот, а тоа дефинитивно не е нешто што би сакале да се случи.

За да спречите непријатни ситуации, избегнувајте храна богата со растителни влакна, мешунки и зрна на час или два пред сексуалниот однос. Наместо тоа, јадете чоколадо, што ќе го зголеми либидото и нивото на серотонин, советува д-р Черил Иглесија, гинеколог.

4. Одржувајте ја хигиената на секс играчките

Ако користите некои играчки за време на сексот, важно е добро да ги дезинфицирате пред да ги тргнете на свое место. Инаку, микроорганизмите кои предизвикуваат различни видови на инфекции може да се размножуваат на нив. За да се заштитите, користете антибактериски марамчиња или спреј, вели Иглесија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *