5 работи поради кои момците ќе посакаат некоја друга жена!

13 јуни, 20200
ljubov

Не велиме дека жените се криви што момците ги изневеруваат, но се чини дека се по склони кон изневерување ако ние се однесуваме на одреден начин…

Приговарање. Секого од нас како комплетна личност го градат мани и предности. Како не постои човек без мани, сигурно ги има и тој. Но немојте стално да му приговарате за секакви ситници и да правите слон од мравка! Маните кои кај него ги приметувате, тешко дека ќе ги промените, па затоа научете се да ги прифатите, за ваше добро. Доколку сте среќни поради неговите  предности, и тоа му го покажувате, и тој ќе биде среќен крај вас.

Љубомора. Доза на љубомора е пожелна се додека се работи за здрава, мала доза љубомора. Но доколку константно го испрашувате за секој негов чекор, повик, порака или излегување, би можело да му прекипе. Многу лесно би добил идеја стварно да ве изневери – на некој начин би бил во плус, а и вака и онака не му верувате па нема што да изгуби!

Незаинтересираност. Ако во негово друштво често покажувате незаинтересираност за нешто за кое тој говори, тој ќе го примети тоа. Не морате цело време да гледате во него без трепкање и да се трудите да го меморирате секој негов збор, но дајте му до знаење дека ви е интересно во негово друштво. Никој не сака да се чувствува како да разговара со ѕид!

Небрежност. Многу жени во врска се опуштаат бидејќи размислуваат на начин дека сега имаат дечко/сопруг и не мораат баш секогаш да бидат средени како да одат на некое посебно случување. Немојте да мислите дека сметаме дека треба во секој момент да изгледате ултрагламурозно, но битно е да не заборавите во каква личност се заљубил вашиот партнер. Водете грижа за своето тело и хигиената и нека секој ден ви биде прилика уште еднаш да го заведете.

Себичност. Во сите меѓучовечки односи, па така и оние љубовните, важни се разбирањето, уважувањето на туѓите желби и компромисите. Ако сте безобзирна, себична и егоцентрична личност која инсистира секогаш да биде по ваша желба, немојте да се изненадите ако и тој почне да мисли само на себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi