6 знаци кои ќе Ви помогнат да откриете дали му се допаѓате некому или не

13 август, 20200
date-2284993_960_720

Кога некој е суптилен, тешко е да знаете дали му се допаѓате или е само фин со вас. Од страв од одбивање, повеќето луѓе не се доволно храбри за да му кажат некому однапред дека се заинтересирани.

Линијата помеѓу флертувањето и пристојноста е тенка, а луѓето понекогаш испраќаат и мешани сигнали. За среќа, има неколку индиции што можат да Ви помогнат да откриете дали некому навистина му се допаѓате.

1. Поради Вас, тој отстапува од својот пат

Не секој ќе отстапи од својот пат да Ве види и да помине време со Вас. Понекогаш ниту пријателите не го прават тоа. Но, некој на кој сте му привлечни ќе најде време за Вас. Таквата личност ќе прави работи за кои не е заинтересиран инаку, само да поминува време со вас. На пример, ќе оди на шопинг со Вас!

2. Поставува лични прашања

Ако некој Ви постави лични прашања за вашиот живот, семејство, интереси, љубовен живот, соништа – тоа е затоа што сака да Ве запознае подобро и да развие подлабока врска со Вас.

Ако некој е само фин и љубезен, нема да се мачи да поставува премногу лични прашања.

3. Тој е многу заинтересиран за вашиот љубовен статус

Луѓето обично не се грижат премногу за Вашиот љубовен живот ако тие Ве гледаат само како пријател. Но, ако некој е заинтересиран на друг начин, ќе сака да открие дали сте сингл или можеби се гледате со некого.

4. Помни детали

Луѓето кои се само фини и љубезни ќе Ве слушаат внимателно кога зборувате затоа што не сакаат да бидат непристојни. Но, ако другата страна постави голем број прашања и го одржува разговорот со часови, дури и ако приказната е малку здодевна, а освен тоа ги споменува и малите детали за кои порано разговаравте, тогаш е многу веројатно дека таа личност е заинтересирана за вас. Ова е еден од најдобрите начини да откриете дали му се допаѓате некому.

5. Искрено се грижи за Вас

Пријателите исто така се грижат за Вас, особено кога минувате низ тешка ситуација. Тоа е еден од показателите дека сте му мили на некого општо. Сепак, лицето кое не Ве гледа само како пријател, секогаш ќе Ве праша како Ви поминал денот, дали безбедно се вративте дома и дали сте јаделе. Кога ќе забележат дека сте тажни, тие ќе сакаат да дознаат зошто и ќе дадат се од себе за да Ве расположат.

6. Тој ве третира сосема поинаку од другите

Кога сте меѓу пријатели, тој посветува особено внимание на Вас. На пример, тој ќе се погрижат да не Ви е здодевно и да уживате во забавата така што секогаш ќе е со Вас. Понекогаш може дури и да се чувствува нервозни кога е во Ваше присуство, а тоа е уште еден знак дека му се допаѓате некому, пишува „Yourtango“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *