Анкетата покажа – Овие карактеристики мажите ги сметаат за најпривлечни кај жените!

29 мај, 20200
karakteristiki

Експертот за врска Луан Вард тврди дека мажите најмногу сакаат искрени, самоуверени жени кои знаат и да се забавуваат.

Во група на Фејсбук, She Said He Said,таа ги замоли машките членови да ги оценат квалитетите што ги сметаат за привлечни кај потенцијалните партнерки и дошле до заклучок. Искреноста заврши на прво место со 21,3 проценти од гласовите, по што следеше самодовербата со 20 проценти од гласовите, а на третото место беше „забавноста“ со 18 проценти од гласовите, пренесува Daily Mail.

На четвртото место се најдоа карактеристиките како позитивен дух, благодарност и љубезност, со 14 проценти од гласовите.

Верноста и сигурноста се петти најпосакувани карактеристики со 12,6 проценти. Понатаму на списокот беа емоционална интелигенција, амбиција и академска интелигенција.

Најмалку важно за нив беше романтичната природа.

Истражувањето опфатило и физички карактеристики, па се покажало дека мажите сметаат дека очите се најатрактивниот дел од телото (дури 41,6 проценти), а потоа насмевката (29,6 проценти). Третиот е задникот, потоа градите и нозете. „Прво што забележувам се очите, можам да прочитам некоја личност преку очите и тие навистина се огледало на душата“, рече еден од испитаниците.

Вард истакнува дека таа инсистирала на искреност во анкетата. “Нема ништо лошо во тоа некој да рече дека го гледа вашиот задник или градите.Физичкиот изглед е важен аспект на врската и ако некој не ве привлекува физички,мали се шансите  да се обидете да ја запознаете таа личност подобро”, заклучи таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *