„Би се срамел да признаам пред пријателите, но ОВА е она што најмногу го сакам од жена во секс”

14 ноември, 2020
секс

Кога се во машко друштво, припадниците на посилниот пол се подготвени да се пофалат со своите сексуални достигнувања, а добар дел од нив ќе претераат во описите со цел да предизвикаат воодушевување од пријателите. Но, како што знаат жените, вистината честопати се разликува од нивните приказни.

Наместо маратонски секс и „спонтано“ уништување на креветот поради насилно водење љубов, добар дел од мажите најмногу сакаат – нежност меѓу чаршавите.

Би се срамел да признаам пред пријателите, но нежното водење љубов е мое омилено. Сакам кога мојата партнерка со својот изглед и допир јасно става до знаење дека ме сака и не и е проблем да преземе иницијатива тоа да ми го покаже, признава 34-годишниот Мартин.

Немам ништо против сексот во брзање, но тој никогаш не ги задоволува моите најдлабоки потреби, додава Мартин. Најмногу го сакам кога нежно ме соблекува, ме бакнува по целото тело и кога полека достигнуваме оргазам. Тогаш се чувствувам поврзано, како да сме едно.

Некои нови студии потврдуваат дека ваквите мисли се сè почести кај мажите.

Мажите не сакаат секогаш да бидат тие што започнуваат сексуални односи, вели д-р Даун Мајкл, клинички сексолог и автор на Водичот за интимност за парови. Ако мажите треба да иницираат секс секој пат, тие почнуваат да се чувствуваат помалку привлечни и може да развијат страв од слаби перформанси во спалната соба.

Иако своевремено серијата „Педесет нијанси сиво“ беше многу популарна, д-р Мајкл забележа сè поголем број мажи кои копнееја по тотално различни работи.

На некои мажи им се допаѓа кога нивните жени се доминантни, но тие не ја практикуваат таа доминација на груб начин. Напротив, тие доминираат со својата грижа. Ретко се зборува за тоа, но мажите навистина сакаат нежност во спалната соба. Тие сакаат блискост со жена преку нежен секс полн со љубов. Жените забораваат дека и мажите се емотивни суштества и дека сексот е огромен израз на интимност.

escort - Korsan taksi