ЧЕСТО ЈА СОНУВАТЕ ПОРАНЕШНАТА ЉУБОВ, ИАКО ЈА ПРЕБОЛЕВТЕ? Потсвеста ви го кажува она што не сте го ни помислувале! Не е безопасно!

11 јануари, 2022
2335385_profimedia0056808222-1_ls

Дали сонувате за поранешни љубови за кои знаете дека сте ги преболеле? Таквите соништа доаѓаат и си одат, но главно го немаат она значење кое прво ви паѓа на ум.

 

Освен ако неодамна сте раскинале, малку е веројатно дека сонувате за вашата поранешна љубов затоа што ви недостига или затоа што сè уште имате чувства кон него/неа.

Еве три неочекувани причини зошто сонувате за поранешни партнери и нивното значење:

Ја преболевте личноста, но болката останала

Дури и ако дефинитивно сте раскинале со бившиот и сте продолжиле со животот, сепак некои рани ве болат. Особено ако станува збор за особено болно раскинување кое било придружено со грди зборови од едната или од другата страна.

Што да направите?

Обрнете внимание на дејството и сцените во кои вие двајца се појавувате заедно и какви емоции чувствувате во сонот. Најдобро е да напишете сè наутро и да ги идентификувате емоциите што се појавуваат во сонот. Ова ќе ви помогне да воспоставите образец што се повторува во соништата, кој ќе ве насочи кон раните кои сè уште не се залечени.

Се сеќавате на познато чувство

Дали врската со бившиот започнала страсно и завршила брзо? Дали на крај чувствувавте дека вашиот партнер воопшто не ве разбира? Понекогаш сонот за бившиот е повеќе одраз на вашите моментални чувства отколку врска.

Што да направите?

Прво, помислете на деновите ПРЕД да сонувате за бившиот. Забележете ги емоциите што ги чувствувавте во тие денови. На пример, ако се чувствувавте неразбрани кога раскинавте, можеби ќе се чувствувате така и сега. Или некој од сегашниот живот ве потсетува кога сте се чувствувале неразбрани со бившиот. Поврзувањето на овие точки ќе ви олесни да се справите со ова чувство.

Треба да ги надминете своите граници

Една од изненадувачките причини зошто сте сонувале за бившата е ерозијата на постојните граници. Ако сте се бореле со границите додека сте биле со бившата, можеби истата шема се повторува и сега. На пример, ако сте се грижеле премалку за себе во претходната врска, требало да побарате дозвола за некои работи и често не можете да кажете: Не… Вашите соништа можат да бидат потсетник дека треба да ги подобрите границите.

Што да направите?

Размислете за различните видови граници што ги имате во моментов во животот, без разлика дали станува збор за врски или работа. Што мислите, каде границите не ги поддржуваат вашите интереси? Следете какво било чувство на незадоволство затоа што ве насочува кон областите од вашиот живот каде треба да поставите нови граници.

Заклучок: Кога ќе ги прифатиме овие соништа како нешто нормално и наместо да ги гледаме од гледна точка на љубопитност, можеме да започнеме со подлабоко толкување на овие соништа.

И уште нешто, кога ќе го препознаеме вистинското значење на соништата, тие ќе се појавуваат сè помалку, а вие ќе можете мирно да спиете.