Црвена долна облека за лудата ноќ: Секси традиција што ја разгорува страста, или целосна глупост – што велите?

31 декември, 2021
GettyImages-819370562

Меѓу необичните традиции за Нова година, како што има низ целиот свет, се истакнува обичајот да се носи црвена долна облека во Новата година.

Би помислиле дека оваа традиција ја измислиле производителите на долна облека, со цел да ги охрабрат жените да мислат дека следната година „мора“ да влезат како секси Дедо Мразици, но не е така!

Овој обичај потекнува од Италија, каде се верува дека носењето црвено ќе донесе среќа, особено ако е најблиску до кожата.