Дали живеевте во заблуда: Митови за водењето љубов во кои многумина веруваат

7 октомври, 2020
Seks-2

Верувале или не, постојат митови за сексот во кои веруваат возрасните.


Ако имате секс без заштита, сигурно ќе забремените

Ова тврдење може да биде начин да се исплашат тинејџерите да избегнат секс или барем да користат заштита, но плодноста варира од личност до личност, а сексот без заштита не мора секогаш да завршува во бременост. Жената може да забремени само кога има овулација, што се случува еднаш месечно. За време на овој процес се ослободува зрело јајце кое спермата може да го оплоди во рок од 12 до 24 часа – тогаш може да настане бременост.

Ако ја пронајдете вашата Г-точка, неверојатен оргазам е загарантиран

„Не сум изненаден кога слушнав дека жените лажат оргазми додека се со своите машки партнери“, објасни д-р Гунтер во својата книга „Библијата на вагината“. Тој вели дека истражувачите, кои во последно време ја проучувале темата за Г-точката, не биле во можност да го пронајдат ова посебно место, што наводно било пронајдено во 1950 година од германскиот истражувач Ернст Графенберг.

Невозможно е да имате безбеден секс со некој што има сексуално пренослива болест

Низ минатото, сексуално преносливите болести се користеле за да ги исплашат младите и да ги одвратат од сексуални односи. Ова се методи на образование кои ги стигматизираат луѓето со сексуално преносливи болести, како што се кламидија, сифилис, гонореја и ХИВ.


Овие сексуално преносливи болести може да се излечат или третираат со лекови за да се спречи заразената личност да ги шири на сексуални партнери.


Апстиненцијата од секс е единствениот ефикасен метод на контрацепција

Во 1981 година, американската влада започна да финансира рекламирање за апстиненција според Законот за семеен живот на адолесцентите, кој им овозможува на училиштата сè уште да ја „рекламираат“ воздржаноста како единствен начин за спречување на бременост и сексуално преносливи болести, се додека тие не се повикуваат директно на никаква религија.
Другите форми на контрола на раѓањето, како што се апчиња, импланти на контрацепција, кондоми и така натаму, се многу ефикасни, а истовремено им овозможуваат на луѓето да уживаат во сексот. На пример, имплантантот е ефективен дури 99,9 проценти, а таблетата меѓу 92 и 97 проценти.