ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗА ЗЛАТНОТО ПРАВИЛО 5:1?Ова е скоро непогрешлив индикатор за тоа дали ќе останете во брак или не

2 октомври, 2020
Par-2048x1365

Колку ќе трае твојот брак зависи од многу работи, на крајот на краиштата, не може да се предвиди иднината. Сепак, двајца американски психолози, Џон и Џули Готман тврдат дека развиле златна формула со која можете да одредите колку навистина ќе трае вашиот брак. По спроведената анкета во која учествуваа 130 нововенчани парови, Готманови воспоставија (со прецизност од 94 проценти), златно правило од 5: 1, што покажува дали бракот ќе трае или ќе заврши со развод.

Расправиите во бракот се неизбежни, но постои начин да се искористи конфликтот за подобрување на врската.

И, тука дојдовме до односот 5:1 – за секоја негативна работа што ќе му ја направите на партнерот, треба да направите пет позитивни работи за да ги избришете лошите страни на она што сте го направиле. Иако ова може да изгледа како голема задача, тие гестови не мора да бидат огромни – може да бидат прегратка, комплимент или помош во кујната.

Готманови наведуваат дека паровите кои го применувале правилото 5: 1 имаат врска што ќе го издржи тестот на времето.

Во време на изолација, тензиите се зголемуваат уште повеќе, но тоа не значи дека треба дополнително да ја оптеретувате вашата врска. Секогаш имајте на ум дека правилото 5:1 важи на долг рок, и ако го применувате постојано, можете да преживеете сè, па дури и пандемија.

escort - Korsan taksi