Докторите откриваат дали коронавирусот може да се пренесе преку сексуален пат

23 август, 20200
korona seks

Иако не е докажано дека може, сепак треба да бидете внимателни…

Пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ зборуваше за тоа дали коронавирусот може да се пренесе преку сексуален пат…

– Тоа не е докажано затоа што најголем дел од спермата е сочинета од сперамотозоидна течност од простата, а не од тестисите. Затоа приказната за пренесувањето преку сексуален пат останува нејасна. Немаме докази за нешто такво како што немаме докази дека короната се пренесува на децата во текот на бременоста трансплацентарно, а ниту преку млекото во текот на доењето. Без оглед на тоа што не постојат докази, потребно е да се внимава.

Да се потсетиме, експертите за Гардијан одговараа на прашања кои се поврзани за пандемијата и секуалниот однос со партнерот, а многу доктори имаат ист став како и д-р Несторовиќ.

Дали КОВИД 19 може да се пренесе преку сексуален пат?
Докторката Џесика Џестман од Велика Британија смета дека не постојат докази кои укажуваат дека вирусот може да се пренесе преку сексуален пат. КОВИД-19 примарно се шири преку респираторните капки. Втор начин на кој вирусот се шири е преку допирање на контаминирани површини.

Докторот Карлос Родригез Дијаз се согласи со колешката, дека не постојат докази дека КОВИД-19 може да се пренесе преку вагинален или анален секуален чин. Меѓутоа бакнувањето кое е составен дел од сексуалниот однос е директен преносител, бидејќи вируот може да се пренесе преку плунката.

Дали е безбедно да се практикуваат сексуални односи додека трае пандемијата?
– Доколку вие или вашиот партнер е позитивен на КОВИД-19 ве советуваме да се оддалечите еден од друг. Доколку сте потенцијално заразени или сте го потврдиле заболувањето, би требало да се изолирате. Идеално би било кога би можеле да бидете во посебен стан до седум дена од почетокот на болеста, истакна докторката Џастман.

Докторката Џулија Маркус истакнува дека луѓето кои немаат симптоми на болеста, кои не биле ниту во близина на заразени лица и кои се во самоизолација, можат да имаат односи со својот партнер. Според нејзиното мислење сексот може да биде одличен начин партнерите да се забавуваат, зближат и да ја намалат анксиозноста која во ова време е неизбежна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *