Дознајте го хороскопскиот знак на вашата драга личност и откријте како да го заведете

26 април, 20200
horoskop

Овен

Тие се одлични заводници и обожаваат флертување лице-в-лице, така што допишувањето не им е непозната тема. Ќе се обидат да најдат некој цитат или стих од песната со кој ќе го разнежнат саканиот. Исто така, припадниците на овој знак сакаат потенцијалните партнери, исто така, да ги третираат нив. Ако сакате да заведете еден Овен, треба да бидете луди и непредвидливи.

Бик
Романтичните Бикови сакаат да играат и да се забавуваат со љубовни пораки. Она што е карактеристично за нив е што нивните пораки содржат не само текстуален дел, туку и сликички, емотикони, смешковци кои ги опишуваат нивните емоции. Тие го обожааат романтичното допишување, па ако сакате да го привлечете вниманието на Бик, подгответе се за маратонсо допишување.

Близнаци
Шармантните близнаци се мајстори на вербалното заведување, па затоа пораките и тоа како им одат од рака. Нивните пораки се хумористични, интересни и со задоволство ќе разговаратесо нив. Ако сакате да воодушевите Близнаци, бидете природни и опуштени и не испраќајте есеи, туку слатки, глупости и кратки пораки.

Рак
Раковите обожаваат да се допишуваат и да ги пренесуваат своите чувства преку пораки затоа што баш и немаат храброст во живо. Ако сакате да освоите еден Рак, прво добро запознајте се преку разговор, па потоа викнете ги да се дружите во живо.

Лав
Лавовите се допишуваат само кога треба, затоа што обожаваат контакт во живо и сѐ што сакаат ќе кажат во лице. Сепак, нема потреба да се потенцира дека тие се мајстори во допишување, затоа што после една нивна добро осмислена порака нема да можете да им одолеете. Ако сакате да освоите Лав, бидете оригинални и преминете кон делата.

Девица
Девиците имаат девиза „Зошто да губиме драгоцено време на допишување кога можеме да го направиме тоа подобро лице в лице?“. Овој хороскопски знак е знак што реагира и делува. Празни зборови и реченици не ги интересираат! И, ако сакате да го привлечете вниманието на Девица, подобро само да ги прашате кога сакаат да се видите во живо.

Вага
Љубопитни и неодоливи, Вагите уживаат во осмислувањето пораки и заведуваат преку нив. Тие сакаат романтични цитати од песни и книги и обично имаат тенденција да ја интересираат личноста за која се наменети.

Скорпија
Мистериозните Скорпии сакаат да играат со зборови, а најмногу од сѐ ги привлекува заведување преку пораки што имаат двосмислено значење. Тие сакаат да играат и да го излудуваат партнерот. Ако сакате да им влезете под кожа на страствените Скорпии, подгответе неодолива порака на која нема да можат да одолеат и која ќе ги заинтригира уште повеќе.

Стрелец
Духовити и постојани авантуристи, Стрелците сакаат да филозофираат, и затоа нивните пораки се многу интересни и интригантни. Тие обожаваат нејасно допишување што може да се опише како вистински филм за додворување. Ако го сакате вниманието на еден Стрелец, подгответе се да пишувате пораки и по 24 часа.

Јарец
Традиционалниот Јарец ќе биде најлесно да се опушти преку размена на пораки, па исто како Раковите тие прво ќе сакаат добро да ја запознаат личноста преку зборови. Тие уживаат да читаат убави зборови и комплименти упатени до нив, но, исто така, кога се „загреани“ за некого, сакаат да искрено и отворено да пишуваат за своите чувства.

Водолија
Уметнички души, Водолиите не сакаат да си играат романтични зборови, туку со хумористични пораки, особено оние на кои е речиси невозможно да одговорат. Водолиите сигурно ќе ве расположат со некоја непослушна фотографија, а за да ги заведете мора да бидете оригинални исто како нив.

Риби
Рибите обожаваат пораки и допишување, и токму на тој начин сакаат да бидат заведени. Тие многу добро знаат што и кога да напишат, па ако сакате бесконечни допишувања, слободно обратете му се на овој знак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi