Експертите откриваат: дали треба да имате секс на првиот состанок?

18 април, 20200
секс за една вечер

Иако е 2020 година, на многумина им е тешко да ги отфрлат старите правила. Особено оние кои се поврзани со љубовниот живот.

“Ако им се препуштите на страстите уште на првиот состанок, вие сте лесни” и “Чекајте барем до третиот состанок за да имате секс” се само некои од љубовните правила кои можете веднаш да ги заборавите. Да, знаеме дека тоа не е лесно да се направи со оглед на тоа дека таквите уверувања постојат уште од викторијанската ера. Тогаш невиноста била синоним за чистота и морал, па женската сексуалност редовно се потиснувала, а многу луѓе ги имаат истите ставови и денес.

“Луѓето сакаат да ги избегнат осудата и срамот поврзани со сексот надвор од она што е прифатливо”, Објаснува Шенон Чавез, психолог и сексуална терапевтка.

Ако и вие се прашувате дали треба да имате секс на првиот состанок, не постои еден вистински одговор. Експертите нагласуваат дека треба да се водите од вашите чувства. Ако навистина чувствувате хемија на крајот од вечерта, слободно препуштете им се на страстите и занемарете ги правилата кои други ви ги наметнале. Впрочем, приватно мини-истражување за вашата компатибилност во кревет може да ви помогне за да сфатите дали воопшто сакате да вложувате време во тој однос.

“Сè се сведува на препознавање на сопствените степени на удобност и сфаќање што точно барате. Сепак, добро е да си земете време и сами да сфатите што точно мислите за авантурите за една ноќ пред навистина да се најдете во ситуација и да реализирате една таква”, смета Ванеса Марин, сексуална терапевтка и водителка на онлајн курс која нагласува дека во љубовта нема строги правила.

Непобитен факт е дека сексот на првиот состанок може да биде неверојатно ослободителен и возбудлив.

“Тоа може да ви помогне да ги разбиете предрасудите околу сексуалноста, да заборавите на некоја срамна ситуација од минатото и да го подобрите вашето сексуално самопочитување”, кажува Чавез. Сепак, ако се осмелите на секс по првиот состанок, не заборавајте на сигурноста. Таа секогаш мора да биде приоритет. Никогаш немојте да имате секс со некој кој не сака да открие информации за своето сексуално здравје или со некој кој не сака да користи заштита.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi