Еве во што била тајната! 5 квалитети кај мажите кои ќе ја освојат и задржат секоја жена!

13 април, 20200
maz

Сите знаеме барем еден маж кој нема проблем да освои жена. Тој секогаш успева да стигне до дамата што му се допаѓа и да го задржи нејзиниот интерес. Таквите мажи имаат нешто заедничко, а тоа се овие квалитети.

1. Внимание

Жените нема да одолеат на внимателните мажи кои не се ставаат на прво место. Вниманието првенствено и најзначајно се манифестира во малите работи што често ги запоставуваме, како што се отворање врата или отстапување место во јавниот превоз на стари лица. Исто така, постојат многу поголеми и поважни моменти. Ако мажот е спремен да го откаже излегувањето со пријателите во време кога навистина му требате, тоа покажува дека тој има предвид за вашите проблеми.

2. Флексибилност

Можеме да си ланираме до крај, но животот секогаш ќе нè изненадува кога најмалку ќе очекуваме. Затоа е важно да бидете флексибилни и заради овој квалитет мажот ќе добие поубава слика во очите на жената. Способноста да се справат со (не)очекуваните промени и навремено да одговорат на нив е моќен „афродизијак“ затоа што тоа и дава знак на жената дека мажот е силен и стабилен.

3. Самопочитување

Овој квалитет не треба да се меша со егоцентризам. Човек полн со самодоверба не е заљубен во самиот себе, тој е само свесен за неговите доблести и не дозволува да биде манипулиран. За разлика од егоистот, тој е смирен и нема да слушнете пофалби од него, но тој секогаш ќе биде горд на добро сработена работа, додека она што е лошо направено веднаш ќе се обиде да го поправи.

4. Способност за преиспитување

Жените бегаат од мажите кои мислат дека знаат сè. Без разлика за кој аспект од животот станува збор, човекот кој не размислува за своите постапки затоа што смета дека нема што да учи од своите грешки не е доверлив човек. Постојаното повторување на старите грешки во љубовната врска и немањето волја за промена укажува на незрел човек.

5. Безбедност

Сите ние носиме одредени комплекси, повеќе или помалку, кои влијаат на тоа како се однесуваме кон себеси и кон другите. Сепак, само најхрабрите од нас ќе ги решат и ќе се обидат да се ослободат од нив. Маж кој е уверен во себе не мора да се ослободи од сите комплекси, но тој дефинитивно нема намера да им дозволи да влијаат на тоа како ги третира жените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *