Го фативте мажот додека се самозадоволува и не знаете дали е тоа НОРМАЛНО? Еве што велат стручњаците

24 јуни, 20200
Annotation 2020-06-24 184802

Ова е една од табу темите на многу парови

Една од големите предрасуди е тоа дека мажите и жените, престануваат да мастурбираат додека се во врска, но тоа не може да биде подалеку од вистината.

Стручњаците се согласни во една работа: мастурбацијата во врската е нормална и може да има многу позитивни ефекти.

Дојдовте дома порано од работа и го затекнавте мажот сред мастурбација, и не сте сигурни што да направите – да го исфрлите надвор, да започнете кавга или нешто трето.

Стручњаците даваат одговор во неколку фази:

Тоа е нормално

Мастурбацијата во врска е здрава и нормална. Тоа покажува дека имате вишок сексуална енергија која морате да ја искористите. Исто така, имајте во предвид дека сексот претставува поврзување со друга личност, а мастурбацијата е воспоставување на конекција сам со себе.

Не е знак за лош сексуален живот

Тоа што вашиот партнер мастурбира, не е знак дека нешто не е во ред со вашиот сексуален живот. Напротив, една студија од 2008 година покажува дека луѓето кои се во врска и почесто мастурбираат, почесто имаат и “стандарден” секс.

Не е неверство

Мастурбацијата никако не претставува неверство, просто морате на својот партнер да му оставите малку слободен простор во секоја долга врска. Тоа ќе му помогне на вашиот однос на долги стази.

Одличен начин за истражување на сопственото тело

Околу 68% од жените не можат да доживеат оргазам без дополнителна стимулација на клиторисот, затоа мастурбацијата е одличен начин да го запознаете своето тело, и полесно да му покажете на партнерот што ве возбудува.

Одлична предигра

Мастурбацијата може да биде одличен вовед во сексот, наместо некои вообичаени предигри кои веќе ви се здодевни.

Исполнување на фантазиите

Една од честите машки фантазии е да ја гледаат својата девојка или сопруга додека се самозадоволува. Исто така, можеби мечтаете и за заедничка мастурбација – ова е шанса да ја исполните во пракса.

Кога е лоша?

Секако, како и се што има врска со сексот, умереноста е важна – ако мастурбацијата стане замена за секс, и со текот на времето доведе до губење на интересот за некој друг облик на интимност, време е да се вклучи црвено светло и искрено да се разговара со партнерот.  

И на крај, што би направиле ако го затекнете сопругот додека мастурбира? Вашиот одговор ќе ви каже многу за тоа во каква состојба е вашиот љубовен и сексуален живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi