Храна за подобар секс – откријте ја природната Вијагра

6 мај, 20200
Вијагра

Одредени витамини и минерали имаат моќ да го подигнат нивото на хормоните и да ја зголемат чувствителноста на нервите. Следниот пат, запрашајте се зошто чувствувате необјаснет сексуален нагон веднаш после вечерата.

Јадете зелено

Спанаќот и другиот зелен зеленчук, како брокула, кељ, зелка, блитва се одлични извори на нашата омилена секси хранлива материја – фолат.

Дали знаевте дека спанаќот се смета за природна вијагра?

Овој зелен, лиснат зеленчук е богат со витамин Е, кој е главен катализатор во производството на полови хормони во организмот. Исто така, содржи цинк, кој е познат за зајакнување на либидото и ја зголемува здравата сперма кај мажите.

Наут, семиња и соја

Семки од тиква, лен, сончоглед, соја и наут помагаат да се „произведат“ сексуални хормони.

Лененото семе е богато со омега-3 масни киселини кои го зголемуваат нивото на тестостерон и сексуална желба.

Темно чоколадо

Темното чоколадо со 60% какао или повеќе, содржи фенилетиламини кои предизвикуваат да се чувствувате опуштено и пријатно.

Јадењето темно чоколадо ослободува серотонин, што не само што го подобрува расположението, туку ја стимулира желбата за физички контакт.

Пикантни зачини

Вистинските зачини го зајакнуваат сексуалното дејствување.

Чили, црвена пиперка и ѓумбир ја забрзуваат циркулацијата, што доведува до побрз проток на крв во интимната област, односно гениталиите. Одлична циркулација на крвта доведува до појак и поинтензивен оргазам.

Банани

Бананите се богати со витамин Б, кој ги претвора јаглехидратите во енергија, што му помага на организмот да направи сексуални хормони.

Тестирајте го ефектот на бананата така што ќе изедете една, еден час пред акцијата под чаршавите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *