ХРАНА ЗА ПОДОБАР СЕКС: Секојдневна храна за која немавте идеја дека ја зголемува желбата и издржливоста во кревет!

23 ноември, 2020
GettyImages-491730261

Сакате подобра акција во спалната соба? Упатете се кон кујната!

Веројатно сте слушнале дека постојат афродизијаци кои се користат од памтивек за да се подобрат „перформансите“ во кревет.

Но, не зборуваме за скапа или тешко достапна храна, како што се остригите, туку работи што веројатно веќе ги имате во фрижидер или оставата, чајната кујна!

Оваа храна содржи супстанции кои го зајакнуваат организмот, ја забрзуваат циркулацијата и доведуваат до поголемо уживање во сексот!

Компир

Да, скромни компири! Една студија покажа дека конзумирањето храна што содржи голема количина калиум промовира издржливост во кревет. Постои „цака“ – додадете компири во оброкот, но обидете се да не го посолувате премногу, бидејќи ќе го откажете тој ефект.

Не посегнувајте по помфрит, туку додајте компири на коцки во супа, прилог од зеленчук или слично.

Спанаќ

Веројатно најдобрата лесно достапна храна за подобар секс! Ја враќа рамнотежата на хормоните како што е кортизолот, „убиецот“ на либидото. Кортизолот се лачи кога сме под стрес, тој не е добар за расположението или за телото ако се подготвуваме да водиме љубов. Го намалува нивото на тестостерон, со што се намалува издржливоста кај мажите и желбата за секс кај жените.

Спанаќот, но и други лиснат зелен зеленчук, содржат витамини, минерали и антиоксиданти важни за брзината и јачината на сигналите во нервите, што директно влијае на чувството на задоволство.

Ореви

Тие го намалуваат холестеролот и ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, но содржат и аминокиселина Л-аргинин, која го зголемува протокот на крв и е важна за сексуално задоволство и оргазам. Тие исто така содржат антиоксиданти кои ги штитат крвните садови и им даваат еластичност.

Печурки

Веќе знаете колку е важен витаминот Д за целото наше тело, и кога нема многу сонце, треба да се потпреме на храна или додатоци за да го имаме во доволни количини.

Ако немаме доволно витамин Д, организмот има помалку од една важна супстанца која е поврзана со задоволство и сексуална желба.

escort - Korsan taksi